ФАКТОР НА ДЕНОТ: Превозниците ја тргнаа блокадата, ќе добијат виза како професионалци
НАЈДЕНО Е РЕШЕНИЕ ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ
Македонските превозници вечерва ќе се повлечат од блокадите на граничните премини.
Tие во 20 часот ќе се повлечат од блокадите на товарниот дел од граничните премини, одлучи попладнево на состанок Aсоцијацијата Макам-транс“, откако Европската комисија донесе одлука за носење нова стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи, за престојот 90 во 180 дена во шенген-зоната.
По речиси четиридневен застој ќе се нормализира товарниот сообраќај на премините „Деве Баир“, „Делчево“, „Ново Село“, „Дојран“, „Богородица“, „Меџитлија“, „Ќафасан“, „Блаце“, „Блато“ и „Стење“ за влез и излез од државата.
„Макам-транс“ во објава на Фејсбук наведе дека се повлекуваат од блокадите, бидејќи со одлуката на ЕУ е добиена потврдата која ја очекувале за промени и се заблагодари на сите кои, како што велат, неуморно во изминатите денови ја дадоа својата поддршка и солидарност со блокадата на граничните премини.
Претходно, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави дека Брисел ќе донесе нова стратегија за визи, која ќе значи решавање на проблемот на превозниците.
„Само што добив одлични вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е она што го баравме. По протестите и силната офанзива изминатиот период, Брисел ќе донесе нова стратегија за визи, која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи“, напиша Николоски на Фејсбук.ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА МУ ПОДНЕСЕ ПРИЈАВА НА МАРКО БИСЛИМОВСКИ
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски вели дека ќе го следи процесот и нема да дозволи да му го извалкаат името, откако Управата за финансиска полиција му поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања.
„Сè што стои на располагање, јас ќе го дадам на соодветните институции и цврсто сум сигурен дека ќе докажеме дека апсолутно немало никакво прекршување, ниту на Законот за енергетика, ниту на Правилникот за лиценцирање“, нагласи Бислимоски.
Финансиската полиција го товари дека иако бил законски обврзан, тој не и ја одземал лиценцата за работа на компанијата „Тритерол Петрол ДООЕЛ Скопје“, која не ги исполнувала условите за вршење енергетска дејност.МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА РАБОТНИЦИТЕ ТРЕБА ДА БАРААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ ОД ГАЗДИТЕ
Премиерот Христијан Мицкоски по синоќешниот протест на ССМ, денеска како одговор на пратеничко прашање во Собранието на работниците им порача дека Владата не е адреса на која треба да бараат вонредно зголемување на минималната плата на 600 евра.
- Прво и најважно - Владата е таа која посредува во бипартидниот дијалог помеѓу работници и работодавачи. Второ - принципиелно ја поддржувам секоја демократска иницијатива на секој работник за своето право. Секој работник кој сака повисока треба да се поддржи, но тоа да е надпартиски.
Трето- раководството на ССМ излезе со многу невистини, лаги, навреди, ниски страсти,како резултат на нивната бујна фантазија и фрустрација која ја имаат во своите соништа.КАРАКАМИШЕВА СТАНА СОВЕТНИЧКА НА МИЦКОСКИ
Професорката на Правниот факултет Јустинијан Први, Тања Каракамишева стана советничка на премиерот Христијан Мицкоски.
Веста ја сподели професорката на социјалните мрежи.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
