Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Премиерот вели дека струјата нема да поскапи, а малите потрошувачи ќе добиваат помали сметки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Премиерот вели дека струјата нема да поскапи, а малите потрошувачи ќе добиваат помали сметки

ЌЕ ИМАМЕ НОВИ ЦЕНИ НА СТРУЈАТА

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека струјата нема да поскапи од 1 јануари, односно ќе има над 20 отсто пониски сметки за малите и средни претпријатија.

„Политиките на Владата, искусниот тим кој работеше на надминување на предизвиците со енергетската криза имаат видливи резултати. Граѓаните се уверија дека Владата нема да дозволи ценовен шок за населението и за малите потрошувачи на електрична енергија, што се потврди со цените на струјата што денеска ги соопшти Регулаторната комисија за енергетика“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во интервју за Македонска радио телевизија.

Вели дека од 1 јануари, цената на електрична енергија кај домаќинствата за првиот и вториот блок се намалува, а само ќе се зголеми цената на третиот и четвртиот блок. 

Регулаторна комисија за енергетика ги намалување цените на електирчната енергија за следната 2023 година, но како што појасни претседателот на РКЕ Марко Бислимоски,  сметките кај домаќинствата во просек ќе останат на слично ниво поради зголемувањето на Данокот на додадена вреднсот кој од следата година наместо 5, ќе се пресметува по 10 проценти. 

КРИЗЕН ДАНОК ЌЕ ПЛАЌААТ ГОЛЕМИТЕ КОМПАНИИ

Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања, на денешната прес-конференција појасни дека кризниот данок кој ќе се воведе за 2022 ќе ги даночи големите компании со 30 отсто од добивкката.

Во овие 30 отсто влегува стандардниот данок на добивка од 10 отсто и плус 20 отсто ќе биде дополнителниот данок кој ќе важи само еднократно, односно само за 2022.

ТЕТОВЕЦ УПАТИЛ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО ДЕЛЧЕВО

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал вчера до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(63) од Тетово осомничен за сторено кривично дело „тероризам“, предвидено и казниво по член 394-б став 2  од Кривичниот законик.

- На 17.12.2022 од својот мобилен телефон, пријавениот С.Ѓ. се јавил во ОВР Делчево, при што лажно се претставил и пријавил дека на повеќе локации во градот има поставено бомби - соопштија денеска од МВР.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Цената на струјата од 1 јануари останува иста кон ЕВН Хоме, но тоа е така само во просекот. Домаќинствата ќе плаќаат значително поскапо, додека ќе следува забележително намалување на цената за малите потрошувачи (фирмите) кои се на регулираниот пазар. Инаку просечната цена останува иста како и одредената од пред шест месеци - 4,4 денари од киловатчас, со тоа што тие што имаат фирми ќе плаќаат поевтино, а за домовите ќе биде поскапо.

На почетокот на годинава, токму за нашата редакција, најави дека очекува „Кроација осигурување-живот“ да ја задржи лидерската позиција на македонскиот пазар. Сега, една година подоцна, задоволство е да се сподели информацијата дека таа цел е постигната, а еден од клучните чинители за тоа е стекнатата доверба од клиентите, процес кој континуирано се надградува од година во година.

Силните жени имаат нешто заедничко- истрајноста кон она на што целат, храброста да одолеат на искушенијата и да одат напред! Некои создаваат можности во услови кога општествата немаат соодветен механизам, други влијаат на колективната свест преку правење на добри дела, трети умеат да обединат... 

Со надеж за нова поуспешна година, со желби за подобро здравје за сите, крајот на оваа година традиционално го одбележуваме со серија обраќања на познати бизнисмени, банкари, претприемачи, директори на компании, брокери, или со еден збор сите релевантни чинители од домашната деловната заедница.

foto freepik.com/vovashevchuk

Слично

Поврзани вести