ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пратениците изгласаа ребаланс на буџетот
ПРАТЕНИЦИТЕ ИЗГЛАСАА РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ
Собранието денеска го усвои Предлогот за ребаланс на Буџетот за 2025 година, што претставува одраз на одговорно и флексибилно управување со јавните финансии во услови на динамични економски предизвици.
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, изрази благодарност до пратениците за конструктивната расправа, која уште еднаш покажа дека сите работиме во интерес на граѓаните и стабилноста на економијата.
„Ребалансот не е само техничка корекција, туку резултат на анализа на тековните економски движења и прилагодување на приоритетите“ кажа министерката.ЛЕВИЦА ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ДКСК
Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, до претседателот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата поднесе Иницијатива за отпочнување постапка за утврдување на исполнетост на услови за претседател на ДКСК, Татјана Димитровска. Левица бара собраниската Комисија, да отпочне постапка за утврдување на исполнетоста на условите за вршење на функцијата претседател на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) од страна на Татјана Димитровска, по што ќе донесе заклучок со кој:
- Ќе утврди дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска не ги исполнува условите за претседател од член 11 на Законот за спречување корупцијата и судирот на интереси, поради изречена мерка за забрана за преземање на одредени работни активности и
- Ќе донесе предлог за нејзино разрешување од функцијата.
Ангел Самараков од Велес, кој беше дел од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски и беше упасен на крајот на март поради „тргување со информации и изнудување пари со тие информации“, се изјасни дека не е виновен на првото судско рочиште по обвинението за издавање на полициски тајни.
Самараков беше уапсен на почетокот на април во Велес при обид за предавање на доверливи службени тајни, тврди обвинителството и посочува дека друга полициска службеничка требало да прибави 50 илјади евра за размената.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Македонските граѓани и компании не се откажуваат од кредитите и продолжува трендот на раст на задолженоста. Најновите податоци на Народната банка на Македонија откриваат дека заедно граѓаните и компаниите на банките им должат 522,463 милиони денари или 8,4 милијарди евра. За споредба во првиот месец од годинава, или во јануари вкупната вредност на кредитите достигнуваше 8 милијарди евра.Поддржувач на ДУИ неколку години по ред без трајна лиценца заработува стотици илјади евра од хидроцентралата која ја има изградено во сопственото село во полошко.
Доналд Трамп во кампањата ветуваше дека војната во Украина ќе заврши за 24 часа, но конфликтот и понатаму трае со несмален интензитет. Може ли американскиот претседател конечно да го „притисне“ Путин да стави крај на крвавиот конфликт со светски последици со најновите дадени рокови, но и достава на дополнително оружје за Украина и нови санкции.
За прв пат во историјата АД ЕСМ за потребите на потрошувачката на електрична енергија во земјата уште во јули ќе купува електрична енергија за ноември и декември.
Ако во минатото, тропските овошја важеа за поскапи, последниве неколку сезони и оваа година, овошките од нашето поднебје исто така се скапи. Изборот на овошја кои можете да ги купите за 100 денари за килограм е многу оскуден. Поради климатските промени и мразевите во пролет, овошјето сезонава е поскапо.
