ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ ќе имаме нови цени на горивата
ОД ПОЛНОЌ ЌЕ ИМА НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА
Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за цените на нафтените деривати, со која од 7 април во 00:01 часот стапуваат во сила нови максимални малопродажни цени. Најголемото поскапување го трпи дизелот, чија цена се зголемува за 2,5 денари по литар и ќе изнесува 98 денари. ЕУРОСУПЕР БС-95, пак, се намалува за 0,5 денари и ќе се продава за 83,5 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 останува непроменет на 85,5 денари за литар.
СТУДЕНТИТЕ АЛБАНЦИ БАРААТ ПОЛАГАЊЕ НА ПРАВОСУДЕН ИСПИТ НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Oд Министерството за правда изразуваат загриженост за обиди за политичка манипулација на денешниот собир, за најавеното, како што рекоа демонстрантите, неспроведување на Законот за употреба на јазиците во првосудниот испит.
„Министерството за правда го почитува правото на протест како едно од темелните демократски права на секој граѓанин. Слободното изразување на ставови и иницијативи преку јавни собири претставува значаен сегмент од демократското општество и придонесува кон унапредување на јавниот дијалог. Сепак, со жалење констатираме дека денешниот протест уште еднаш покажа обид за манипулација со граѓаните од страна на политички структури кои повеќе од две децении директно учествуваа во креирањето на лошите состојбите во правосудниот систем.
НА СУД КАЖАА КАКО АЛЕКСАНДАР КАРАДАКОВСКИ СТАНАЛ УПРАВИТЕЛ НА „ПУЛС“
Александар се вратил од Скопје да работи во Кочани зошто бил пријател со Михајло, синот на Дејан Јованов - Деко, сведочеше Наско Карадаковски, татко на починатиот Александар Карадаковски, на денешното продолжение на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се одржува во судницата во „Идризово“.
МВР МУ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА НА СТРУШКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК
МВР му поднесе кривична пријава на градоначалникот на Струга, Менди Ќура, за „несовесно работење во службата“, затоа што поставил директор на струшкиот водовод без соодветно образование.
- Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Струга М.Ќ.(65) од с.Биџево, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
На 18.11.2025, во својство на градоначалник на општина Струга, спротивно од Законот за јавни претпријатија, донел одлука за именување на вршител на должност директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Струга, со која го назначил М.Ј. од Струга и покрај тоа што знаел дека нема соодветно образование и соодветен сертификат за познавање на англиски јазик и не исполнува повеќе услови од Законот јавни претпријатија.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Поради војната во Иран, вештачките ѓубрива поскапеа и тоа ќе влијае на цените на храната. Ако земјоделците штедат на ѓубрива, тоа ќе се одрази на родот и на квалитетот.
foto freepik.com/jcomp
