Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oд полноќ ќе има повисоки цени на горивата, граѓаните направија колони пред бензинските

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oд полноќ ќе има повисоки цени на горивата, граѓаните направија колони пред бензинските

ОД ПОЛНОЌ ПОСКАПУВААТ ГОРИВАТА

Колони возила денеска имаше на многу бензински пумпи, откако Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ) ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од ноќеска на полноќ.

Граѓаните побрзаа да наполнат поевтини дизел и бензин, кои од полноќ ќе поскапат за 14,5 и за пет денари.

Од 10.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар)

- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар)

- Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,50 (денари/литар)

- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 (денари/литар)

- Мазут М-1 НС 42,586 (денари/килограм)

Цените на нафтата на светско ниво поскапеа, откако почна војната во Иран.

МНР ЌЕ РЕАГИРА ДО СОФИЈА ЗА ЗАБРАНАТА ЗА ВЛЕЗ НА МЕНКИНОСКИ

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски подготвува соодветна реакција по одлуката на бугарските власти за десетгодишна забрана за влез на адвокатот Тони Менкиноски во Бугарија.

Муцунски истакна дека државата во минатото секогаш реагирала по соодветен дипломатски пат и дека дополнително ќе биде проценето кој механизам ќе се искористи во конкретниот случај, изразувајќи разочарување од постапката на земјата членка на Европската Унија.

„Негативно изненаден како една земја членка на Европската Унија се однесува кон еден наш граѓанин кој што имал една и единствена цел, а тоа е да штити права на група граѓани пред европските институции. И затоа, секако, ќе има соодветна реакција. Ние во минатото и со други наши соседи сме имале такви слични состојби. Секогаш сме реагирале по соодветен дипломатски пат, мерката и механизмот дополнително ќе ги процениме во рамките на институцијата, каква мерка и кој механизам ќе го искористиме што го имаме на располагање. Но јас не само што сум негативно изненаден, туку и длабоко разочаран од односот на една земја членка на Европската Унија кон нашите граѓани“, изјави Муцунски.

СВЕДОК ТВРДЕШЕ ДЕКА НА ДНК ПРЕТХОДНО ИМ СЕ СЛУЧИЛ ПОЖАР ВО ГЕВГЕЛИЈА

Членовите на ДНК, меѓу кои и Панчо редовно купувале приротехничка опрема од продавница во скопската населба Кисела Вода. 

На денешното рочиште по трагедијата во „Пулс“, Кочани, сведочеше, Горан Игновски, кој повеќе од 34 години работи со продажба и сервис на опрема за изнајмување за настани - озвучување, осветлување и сценски ефкети. 

На судењето во судницата во Идризово, Игновски изјави дека година и половина пред трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани им продал опрема (бокс за далечинска активација) и прскалки на Панчо и член од ДНК.

СЕ ПОЈАВИЈА ИНФОРМАЦИИ ДЕКА НОВИОТ ИРАНСКИ ЛИДЕР Е РАНЕТ

Иранската државна телевизија, позната како „Гласот на Исламската Република Иран“, ја објави веста за изборот на Моџтаба Хамнеи за нов врховен водач, наведувајќи дека тој е „ранет во војната“, пренесува Taјмс оф Израел.

Водителите читаат извештаи во кои тој е опишан како „џанбаз“ или ранет од непријателот во „рамазанската војна“, што е начинот на кој медиумите во Иран го нарекуваат тековниот конфликт.

Сепак, телевизијата не даде други детали за новиот лидер на Иран. Неговиот татко, ајатолахот Али Хамнеи, како и неговата сопруга, загинаа во израелски воздушен напад врз Техеран на 28 февруари, на самиот почеток на војната.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Некогаш беше гордос во областа на челичните конструции со вртоглави приходи, но последниве години се целосно спротивни на остварениот успех на некогаш најголемата и најстара македонска компанија за метални конструкции „Факом“. 

Израел и САД пред десетина дена почнаа со напади на Иран, а статистиките покажуваат дека од Иран најмногу увезуваме храна, хемиски и сродни производи, минерални горива, мазива и сродни производи, мала количина суровини и тутун и пијалаци, како и машини.

Една косовска и една албанска компанија во еден ден треба да добијат по две лиценци за трговија и снабдување со електрична енергија на слободниот пазар во Македонија од страна на Регулаторната комисија за енергетика.

Случаите со хакирање на јавни институции, болници и дојави за бомби во училиштата покажаа дека македонската сајбер безбедност е ставена на тест, Затоа разговараме со Драган Илиевски е професионалец во областа на сајбер безбедноста и основач на Pentestiverse. Анализираме како се користи ВИ за малициозни напади, но и како етичките хакери ја „ползуваат“ за заштита и градење на поотпорни системи.

Слично

Поврзани вести