Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ дизелот поскапува, трошоците растат, ССМ бара повисоки плати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ дизелот поскапува, трошоците растат, ССМ бара повисоки плати

ДИЗЕЛОТ ПОСКАПУВА ЗА ДВА ДЕНАРИ

Од полноќ расте цената на дизелот. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги(РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41 % во однос на одлуката од 1.06.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,027%, кај дизелот за 2,774%, кај екстра лесното масло за 2,650% и кај мазутот зголемувањето е за 0,69%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.

ССМ БАРА ПОВИСОКИ ПЛАТИ

Претседателот на ССМ Дарко Димовски вели дека нема договор со Владата за повисоки плати, а ССМ ќе организира генерален штрајк. 

Тој е разочаран од разговорите со владините претставници, кои немале одговор за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари.

„Бараме итно зголемување на платите. Ценовните шокови и двоцифрената инфлација ни даваат право да бараме усогласување на платите веднаш, бидејќи веќе не се издржува“, рече Димовски. 

КИРИЛ ПЕТКОВ НЕ ГО ВИДЕЛ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ

Лично не сум го видел францускиот план – сите предлози мора да се во согласност со рамковната позиција на Бугарија и да поминат низ Собранието, вели бугарскиот премиер Кирил Петков. 

Рече дека не видеш ништо црно на бело. Петков кажа дека се подготвени да разговараат со европските партнери ако имаат предлози кои имаат смисла. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Бранот поскапувања кој ја зафати Македонија ќе се одрази и на психолошката состојба на граѓаните, посебно на оние кои и претходно едвај врзувале крај со крај.

И четири дена по големиот пожар кој избувна во складиштето на фабриката Пофикс која произведува градежни, граѓаните на Тетово велат дека се чуствува и лошата миризба во воздухот, особено во вечерните и утринските часови, а по подолго изложување на отворен простор, некои од нив чуствуваат и гребење во грлото.

Поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, е назначен за директор на едно од двете официјални депоа во Македонија за најголемите бродски компании во светот како Маерск, Евергрин, COSCO, Хапаг Лојд и други.

Најновиот бран поскапување на производите во малопродажба, особено кај основните прехрамбени продукти дополнително ја зголеми загриженоста кај граѓаните. Стравот од понатамошен раст на цените уште повеќе се зголеми, а со тоа и дека животниот стандард ќе се намали дополнително.

Слично

Поврзани вести