ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од 1 јули нова цена на струјата, а евтина дневна тарифа дури од декември
ОД 1 ЈУЛИ ЌЕ ИМАМЕ КОРИГИРАНА ЦЕНА НА СТРУЈАТА
Дневната евтина тарифа на електрична енеригја се враќа дури од 1 декември, а во меѓувреме од следниот месец ќе има промени во цените по кои домаќинствата ќе ја плаќаат енергија. Едни, како што објави Фактор ќе плаќаа по уште пониски цени, други, по повисоки.
Поточно, цената за потрошувачите од прва и втора категорија се намалува, додека за оние од трета и четврта се зголемува, објави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика
СТОБИСКИ СЕ ПОЈАВИ НА ТЕЛЕВИЗИЈА И ВЕЛИ ДЕКА ОВА Е ДИКТАТУРА
Епископот Јаков Стобиски денеска повторно се појави на телевизија, во студиото на ТВ Сител во рамки на попладневните вести, иако Комисијата за спречување и заштита од дискриминација вчера му препорача да не излегува во јавност „затоа што вознемирува со своите изјави дел од населението“.
АВСТРИСКИОТ АМБАСАДОР СО ЖЕСТОКИ КРИТИКИ ЗА СУДСТВОТО
Фирма од Австрија не може да си наплати 4,5 милиони евра долг од зетот на семејството Заеви.
Австрискиот амбасадор Георг Вуцас, преку допис до медиумите, упатува жестоки критики до македонското правосудство, барајќи да се разрешат сите судии и јавни обвинители, но и да им се укинат лиценците на извршителите и нотарите кои постапувале во спор што се води меѓу австриската компанија „АММА ДОО Хоенемс“ и валандовската фирма „ДЕНА трејд“ за производство на корнишони, поврзана со семејството на поранешниот премиер Зоран Заев.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
