ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oбјавена е листата на најбогатите во регионот, а меѓу нив е и Илија Гечев
ОБЈАВЕНО Е КОИ СЕ НАЈБОГАТИТЕ ЛУЃЕ ВО РЕГИОНОТ
Со внимание се следи трката на милијардери за светскиот трон на најбогат човек на планетата. Илон Маск и Џеф Безос „се борат до последен цент“, а иако по вредност е далеку пониска, не е неинтересна ниту трката во регионот.
Недељник минатата година ја објави листата на најбогатите луѓе во Србија, а годинава за прв пат ексклузивно ја објавува листата на најбогатите луѓе во регионот во соработка со водечките медиуми од регионот.
Стоте најбогати бизнисмени во земјите од поранешна СФРЈ (без Словенија) вредат 69 милијарди евра. 48-те милијардери на Србија од Листата на 100 најбогати „тежат“ 33 милијарди евра, а 27 милијардери од Хрватска заедно имаат 24 милијарди евра.ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ ПИРОТЕХНИКА
Министерството за внатрешни работи уапси едно лице од Радовиш и две лица од Струмица кај кои се најдени над пет илјади парчиња приотехнички средства.
Како што соопштуваат од МВР, кај радовишанецот се пронајдени скоро пет илајди пиротехнички средства.
- На 29.12.2022 во 14.15 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода А.Ш. (31) од Радовиш. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени 4786 парчиња разновидни пиротехнички средства - соопштуваат од МВР.ЧИБИШЕВ БАРА КИНЕСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ДА СЕ ТЕСТИРААТ
Андон Чибишев, членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен пратеник, побара од здравствените власти да воведат задолжително тестирање за кинеските државјани кои престојуваат и транзитираат низ Македонија по примерот на некои европски држави.
„Голем број на европски држави воведуваат задолжителен Ковид тест за кинеските државјани. Ние како и секогаш глумиме гостопримство. Само будалите истата грешка ја прават два пати“, напиша професорот од Клиниката за токсикологија на својот профил на Фејсбук.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
