Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нови цени на горивата од полноќ, а инспекциите ќе ги „чешлаат“ поскапувањата кај трговците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нови цени на горивата од полноќ, а инспекциите ќе ги „чешлаат“ поскапувањата кај трговците

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА ЌЕ ИМАМЕ ОД ПОЛНОЌ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемувањена малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,46 % во однос на одлуката од 2.06.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,497%, кај дизелот за 1,882%, кај екстра лесното масло за 4,473% и кај мазутот зголемувањето е за 1,095%.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

ИНСПЕКТОРИ ЌЕ ГИ ИСКОНТРОЛИРААТ ПОСКАПУВАЊАТА

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска во Тетово пред медиумите изрази огорченост од бранот поскапувања во последните три дена. Тој смета дека трговците и останатите дејности во голем дел се служат со манипулации со цените и дека ќе мора да реагираат инспекциските служби.

„Со особен интерес ги следниме цените во последните три дена на слободниот пазар и има некоректно, неетичко и неморално однесување на одредени компании кон зголемувањето на цените, што ќе наиде на одговор на институциите. Не може цената да порасне за 24 часа за 20 отсто, кога производствената цена не пораснала за 20 проценти во тие 24 часа. Тоа е една одредена манипулација кон нашите граѓани и затоа соодветно ќе реагираат инспекциските служби од кои очекувам извештај“, реагира Битиќи.

100 ДЕНА ВОЈНА ВО УКРАИНА

По повод 100 дена од почетокот на руската инвазија на Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја ќе победи. 

Видео пораката е објавена по повод 100-тиот ден од руската инвазија и потсетува на уште една порака што Зеленски ја сними на 25 февруари, ден откако руските сили ја нападнаа Украина, на истото место и со истите соработници, за да влеат доверба кај Украинците. Пораката трае 36 секунди, а тој стои пред зградата на претседателската канцеларија во Киев, до премиерот Денис Шмигал и шефот на пратеничката група на владејачката украинска партија и еден од главните преговарачи со Русија, Давид Арахамија.

„Претставниците на државата се тука, бранејќи ја Украина веќе 100 дена”, рече тој. 

100 дена руска варварска војна за уништување на Украина и Украинците, напиша на Телеграм, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Вели дека тие 100 дена се како еден долг, напорен ден кој никогаш не завршува.

Русија тврди дека со ракети убиле стотици странски платеници штом дошле во Украина. Генерал-мајорот Игор Конашенков, портпаролот на руското Министерство за одбрана вели дека нивната војска убила стотици странски платеници во Украина со прецизно оружје со долг дострел. 

Тој кажа и дека командантите на украинските единици не ги штедат платениците. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Анета Симеска Димоска, директорката на Државниот пазарен инспекторат, вели дека инспекциските служби од денес ќе излезат на терен во контрола на поскапувањата во трговијата, но дека не постои механизам во моментов кој би можел да го ограничи растот на цените.

Владата предводена од ДУИ и СДСМ, водена од своето незнаење и неспособност да се справи со предизвиците во областа на економијата, е на пат целосно да ја деградира пазарната економија во Македонија и уставното начело за слобода на пазарот и претприемништвото.

Растот на цените на горивата предизвикува голема загриженсот кај граѓаните, но и кај компаниите, особено кај транспортерите и превозниците, каде учеството на горивата во трошокот има големо учество, па дел од нив стравуваат и од колапс.

Ќе станат ли полупразните рафтови наше секојдневие? Дали може да ни се случи и „бетер“ од дивеењето на цените на нафтените деривати? Како Европа и светот ќе се справат со стагфлацијата – најголемата чума на современата економија? Борбата ќе биде многу болна, тешка и неизвесна...

Нептун останува да биде неприкосновен на пазарот од аспект на остварените приходи. Поуспешен лани од аспект на добивка е Сетек, а најефикасен е Алфи Би кај кого добивка е 10% од приходот од продажба.

Слично

Поврзани вести