Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Николоски во вторник со ЕУ ќе ги договара решенијата за транспортерите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Николоски во вторник со ЕУ ќе ги договара решенијата за транспортерите

НИКОЛОСКИ Е ОПТИМИСТ ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ

Министерот за транспрот Александар Николоски е оптимист дека на состанокот, што Европската комисија (ЕК) за следната недела им го закажа на министрите за транспорт од шесте земји на Западен Балкан, ќе се постигне договор за престојот на транспортерите во Шенген-зоната.

Сепак, дури и договорот да се постигне следната недела, како што изјави Николоски во интервју за ТВ Сител, ќе треба време да почне да се применува бидејќи треба да биде изгласан од членките на Шенген-зоната и од ЕК.

„Јас сум оптимист имајќи предвид дека навреме се фати работата. Очекувам да имаме уште во вторник решение, но после тоа, за да се имплементира тоа решение потребно е да биде изгласано во земјите членки и во Европската комисија. Нормално е дека за тоа ќе треба одреден временски период. Превозниците се за ова целосно свесни и ако се погледне внимателно – нивното барање пред да ги почнат протестите не беше во рок од овие седум дена колку што беше првично предвидено да траат протестите да се реши проблемот туку да започне дијалог со ЕК. Тој дијалог започна на четвртиот ден од протестот, значи не се чекаше ни да завршат протестите и мислам дека тоа е одлично постигнување. Ова што го имаме сега е она што го бараа превозниците“, изјави Николоски.

Главната пречка, како што рече министерот, веќе е надмината – превозниците се препознаени како професионалци – а сега е прашање на методологијата кое решение ќе се изнајде. Вели дека е добро што протестите на транспортерите се случиле сега, за да се остави доволно време за да се најде решение.

И АЛИЈАНСА НА ТАРАВАРИ ГО ОСПОРУВА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ПРЕД УСТАВЕН СУД

И Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари поднесе иницијатива до Уставниот суд со која се оспорува уставноста на измените на Законот за прекршоци. На два дена пред почетокот на системот „Безбеден град“, ова е трета ваква иницијатива.

Пратеникот Халил Снопче рече дека го оспоруваат Законот во делот на нееднаквата примена на системот „Безбеден град“ бидејќи тој ќе се спроведува само во Скопје, Куманово и Тетово, како и на Коридорите 8 и 10, а не и на целата територија на земјава.

Иницијативата ја поднеле денеска бидејќи чекале Законот за прекршоци и официјално да стапи во сила.

ОБВИНЕНИЕ ЗА 13 ВРАБОТЕНИ ВО МВР ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“

Во четири обвиненија што денеска ги поднесе Обвинителството, опфатени се вкупно 23 вработени во Министерството за внатрешни работи, полициски службеници и началници за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Со обвинение се опфатени 13-мина кои кобната вечер вршеле контрола во дискотеката. Од оваа бројка, 9 се полициски службеници и четворица началници во СВР Штип.

Ова се првични детали од брифингот во ОЈО ГОК, кој заврши пред малку. Повеќе детали најавуваме за подоцна.

ОЈО ГОКК сеуште немаше јавно обвинителска одлука за осомничените 26 полицајци и службеници во МВР, која првично беше најавена за 12 декември 2025.

ССМ НАЈАВИ БЛОКАДИ И ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК

Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) најавува блокади од следната недела. 

ССМ ги повикаа од Владата во понеделник да дојдат во зградата на ССМ и да го потпишат колективниот договор со кој ќе се зголемат платите на вработените за 40 отсто уште од идниот месец. Во спротивно, ССМ најавува дека ќе почнат со блокади, а останува и одлуката за генерален штрајк доколку не се зголемат платите.

„Го повикуваме претставникот на Владата во понеделник да дојде во ССМ и да го потпише колективниот договор со кој ги зголемува платите на вработените за 40 проценти и наместо во 2028 година да ја зголемиме минималната плата на 600 евра од февруари 2026 година. Го покануваме преку вас медиумите да дојде и да ја зголеми платата. Но, доколку не дојде, што тогаш“, вели претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Комерцијална банка е првата голема деловна домашна банка која го објави билансот на успех за минатата година, а таму пишува дека е остварена рекордна добивка од 5,077 милијарди денари, односно 83 милиони евра.

Една од поголемите домашни банки објави дека успеа да ја заврши изминатата 2025 година со позитивен биланс иако годината ја одбележа постепена економска стабилизација, иако глобалниот амбиент и понатаму беше исполнет со геополитички тензии, нарушени синџири на снабдување и забавена динамикакајводечките економии. 

Слично

Поврзани вести