Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нема договор за минимална плата од 500 евра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нема договор за минимална плата од 500 евра

НЕМА ДОГОВОР ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 500 ЕВРА

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, по средбата на синдикатите, работодавачите и Владата во рамки на Економско социјалниот совет, рече дека тие дури биле искарани затоа што барал многу.

„За жал големо разочарување, нема изгледи за зголемување на минималната плата. Тоа што го слушнавме внатре е дека ССМ многу барал, дека работниците многу бараат и дека им е доста, дека со тие плати треба да бидеме среќни што ги добиваме“, изјави Трендафилов.

Тој посочи дека работодавачите сметале дека нема простор за зголемување на минималната плата и дека доволно ги плаќаат работницте, како и дека работниците не биле продуктивни.

СТРАНЦИТЕ ПОЧНАА СО ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Во Берово денеска пристигна словенечкиот екипаж кој се вклучи во гаснењето на пожарот на планината Готен, како и останатите пожари во источна Македонија. Пожарникарите од Словенија се сместија на градскиот стадион „Димитар Беровски“, каде по поставувањето на опремата активно се вклучија во теренските интервенции на опожарените места.

Во изјава за МИА, претставник на екипажот Роберт Шкрл изрази длабока солидарност со македонските граѓани и нагласи дека нивниот тим ќе работи во тесна координација со националните и меѓународните служби за да обезбеди ефикасен и навремен одговор на кризата.

Повторно се разбуди кракот од Готен кај село Подареш, во околината на Радовиш. 

„Дејство на Блек Хок-от врз кракот пожарот над радовишкото с. Подареш - кој штотуку се разбуди“, изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Претходно овој чешки хеликоптер гаснеше од страната на Берово, ставајќи го под контрола овој крак од Готен. 

ВИСАР ГАНИУ ВЕЛИ ДЕКА ЌЕ ЈА ТУЖИ ДАНЕЛА АРСОВСКА

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, денеска изјави дека не се точни наводите на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска за постоење на 150 дивоградби на територијата на општината, како и тврдењата дека тие се изградени на државно земјиште.

Ганиу рече дека ќе ја тужи Арсовска за, како што тврди, изнесување невистини и клевети.

„Чаир има површина од околу три квадратни километри, каде речиси сè е приватна сопственост. Тврдењата дека објектите се на државно земјиште се неточни. Нема 150 згради како што се тврди, ниту пак има темели за 50 нови“, изјави Ганиу.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Успешно „прво полугодие“ имаше македонската компанија „Димко Митрев“ од Велес бидејќи во првите шест месеци од година остварија добивка која е дури 16 отсто поголема отколку истиот период минатата година.

Најпознатиот бизнисмен од Гевгелија, Марјан Николовски, ја купи логистиката на фирмата Кат-Кетеринг, застапник на брендот „Гудис“ во Македонија, од децата на еден од најпознатите менаџери во Македонија, Светозар Јаневски - Јане Јаневски, Драгана Јаневска и Кирило Јаневски.

Четворица од петчлената Комисија за хартии од вредност се повлекуваат, неофицијално дознава Фактор.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести