ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски кажа дека во буџетот нема пари за субвенционирање на придонеси за плати
ВО БУЏЕТОТ НЕМА ПАРИ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ПРИДОНЕСИ ЗА ПЛАТИ
Власта го одби синдикалниот предлог за минималец од 500 евра.
Од СДСМ обвинија дека премиерот Христијан Мицкоски има пари да рента авион до Будимпешта, а нема за минимална плата од 500 евра.
Велат дека Мицкоски „ја прокоцкал и последна шанса да покаже минимална почит кон граѓаните и трудот на работниците кои живеат многу тешко и едвај врзуваат крај со крај“.ОСУДЕНИ СЕ НАПАЃАЧИТЕ НА ПЕНДИКОВ
По 8 месеци затвор добија напаѓачите на Христијан Пендиков во Охрид.
Двајцата обвинети за претепувањето на Христијан Пендиков – Илија Спасески и Борче Ангелов, од Основниот суд во Охрид се осудени на по 8 месеци ефективна казна затвор за нанесување тешка телесна повреда, но за судот, мотивот „омраза“ не е докажан, изјави адвокатот на Пендиков за БТА.
Пресудата е донесена по нешто повеќе од две години откако беше закажано првото рочиште за случајот – тепачката што се случи во вечерните часови на 19 јануари 2023 година пред ресторан во Охрид.ПАЛЧО ТВРДИ ДЕКА ВО МОМЕНТОТ НА УБИСТВОТО БИЛ ВО БАНКА
Ловечка пушка, патрони и куршуми, но не и пиштолот со кој е пукано во малата Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски се пронајдени во домот на Боре Видески, еден од петтмината обвинети за срашното злосторство кое ја потресе цела земја.
Првообвинетиот, Љупчо Палевски Палчо се брани со помош на сметки од банки, а се уште нема податоци од телефонот каде бил во моментот на убиството на двете жртви.МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА НЕ СЕ СРЕТНАЛ СО ГРУЕВСКИ
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека за време на престојот во Будимпешта, каде се одржа меѓувладина седница, изјави дека не се сретнал со поранешниот премиер Никола Груевски, но дека средби остварувале поранешни функционери на СДСМ и ДУИ.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
