Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонија се задолжи од ММФ, станува збор за 530 милиони евра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонија се задолжи од ММФ, станува збор за 530 милиони евра

МАКЕДОНИЈА СЕ ЗАДОЛЖИ КАЈ ММФ

Тимот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводен од Бергљот Баркбу, одржа состаноци со властите на Република Северна Македонија за да разговараат за политиките во рамките на линијата за претпазливост и ликвидност. Извршниот одбор на ММФ претходно се состана на 15 април на неформална дискусија за барањето на властите. 

Баркбу  вели дека вработените во ММФ и властите на Северна Македонија постигнаа договор на ниво на персонал за политики во рамките на 24-месечен аранжман во износ од околу 530 милиони евра. Договорот е предмет на одобрување од страна на Управниот и Извршниот одбор на ММФ. По одобрение од Одборот, Северна Македонија ќе има пристап до околу 110 милиони евра.

Од Министерството за финансии велат дека ова било големо признание за економските политики кои се спроведуваат во земјава, бидејќи Фондот овој финансиски инструмент го наменува само за земји со здрави економски фундаменти и со здрави политики.

ИМА ПРИЈАВА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА УШТЕ ЕДЕН БУГАРСКИ КЛУБ

Централниот регистар на РСМ потврди дека е поднесена пријава за регистрација на клубот „Цар Фердинанд“ во Богданци, додавајќи дека пријавата е во постапка на разгледување.

„Сител“ објави дека разгледувањето на документацијата за регистрација на овој клуб веројанто ќе биде првата задача која што ќе ја има ад хок советодавното тело кое го формираше министерот за правда, Тупанчевски како преодно решение до донесување на нов закон за регистрација на здруженија за кои детали треба да бидат објавени до крајот на месецот.

НАПАДИ ВО НАД 20 ГРАДОВИ ВО УКРАИНА

Зеленски рече дека се погодени енергетските капацитети во Киев, Лавов, Днепро, Виница, Запорожје, Харков и други региони.

Руските напади се насочени кон енергетската инфраструктура низ целата земја, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој излезе на улиците на Киев по серијата експлозии што утрово го потресоа главниот град, но и многу други градови.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Кочо Стојчески, поранешниот раководител за инспекциски работи во општина Центар, кој во меѓувреме прерасна во крупен градежник, станал управител и на друштвото за земјоделско производство и сточарство „Скопско поле“.

Бонбона бизнис е епитетот што со право може да го понесат продавниците за брзи пари! Дури осум од нив лани успеале да имаат профити кои се зачудувачки. Две друштва што зајмат брзи пари успеале да задржат како добивка над 50 отсто од целиот лански приход, а уште четири компании задржале како профит повеќе од 20 отсто од ланските приходи!

Бадијала Агенцијата за електронски комуникации ги крие платите како змијата нозете, особено на раководните лица во таа институција, сепак, висината на нивните месечни примања не може до толку да остане зацементирана тајна, бидејќи за новите вработувања мораат да објават огласи, во кои, пак, задолжително треба да се наведе и износот на почетната плата.

Професорите од Факултетот за бизнис економија, виско-образовна институција која постои од 2006-та година, реагираат на невиден преседан за кој велат дека досега не се случил во таа институција.

Жителите на Европската унија мора да одвојот поголема сума на пари за покрив над главите во споредба со претходниот квартал, но поскапувањето е поголемо во споредба со претходната година. Ова го покажуваат податоците на „Евростат“, кој објави дека е забележан раст на цените и на кириите и на домовите - куќи и станови. 

Слично

Поврзани вести