ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонија и Британија наскоро ќе го потпишат стратешкиот договор, опозицијата има прашања за заемот
МАКЕДОНИЈА И БРИТАНИЈА НАСКОРО ЌЕ ГО ПОТПИШАТ СТРАТЕШКИОТ ДОГОВОР
Амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Метју Лосон во гостување на Сител најави дека македонската делегација предводена од вицепремиерот Александар Николоски неделава ќе го потпише Стратешкиот договор на свечена церемонија. Aмбасадорот информацијата ја објави и на X.
„Се радувам што ќе го придружувам заменик-премиерот Александар Николоски и делегацијата на Владата на церемонијата на потпишување која ќе се одржи во Лондон оваа недела“, објави Лосон.СДСМ БАРА ДЕТАЛИ ЗА ЗАЕМОТ
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната конференција за печатот изјави дека новото задолжување не само што е економски сомнително, туку и политички антиевропско.
Вели дека станува збор за два договора: еден во делот на стратешката соработка и еден за заем од Обединетото Кралство.
TИМ ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ ЌЕ ЈА ПРОВЕРУВА СОСТОЈБАТА НА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ
Tим oд специјалисти од утре ќе ја утврдува состојбата на секој пациент повреден во пожарот во Кочани и потребата од натамошна рехабилитација и помагала.
ВЕДАТ АДЕМИ ПОЧИНАЛ ОД НЕКРОЗА НА СРЦЕВИОТ МУСКУЛ
„32-годишниот Ведат Адеми починал од некроза на срцевиот мускул“, стои во Извештајот на Институтот за судска медицина во Скопје. Информацијата ја објави ТВ 21, повикувајќи се на емисијата Инсајд21.
Како што пишува ТВ21, емисијата Inside21, ексклузивно го обезбедила извештајот од обдукцијата, во кој не се пронајдени докази дека починатиот Адеми починал поради алергија на аналгин, како што тврделе членовите на семејството. Според нив, на 17 март во болницата во Куманово, неговата состојба нагло се влошила веднаш по примањето на инфузијата во која била додадена и ампула аналгин, како терапија против болки.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
