ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски го презентираше енергетскиот план, ќе бидат потребни 300 милиони евра
КОВАЧЕВСКИ ГО ПРЕТСТАВИ ЕНЕРГЕТСКИОТ ПЛАН
Премиерот Димитар Ковачевски и членови на Владата на денешниот Совет за безбедност му го претставија енергетскиот план на претседателот Стево Пендаровски сокој треба да се презими енергетската криза. Ковачевски вети дека нема да има рестрикции на електрична енергија, но дека ќе постојат ризици и дека ќе бидат потребни 300 милиони евра од Министерството за финансии.
- Постојат ризици за непредвидени испади на термоблоковите на РЕК Битола заради апсолутната застареност на опремата, непредвидливи ризици во цената на берзата за гас и струја до ниво на неиздржливост, забрани за извоз од соседите на природен гас и суровини за производство на електрична енергија. Затоа имаме состаноци во соседните земји, како во Бугарија која има базна енергија и Грција како логистички центар, рече Ковачевски.РЕФЕРЕНДУМОТ БИ СЕ ОДРЖАЛ НАПРОЛЕТ
Договорот со Бугарија е всушност „дрвото на отровот“, и тој треба да се напушти и да се пресече, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој денеска на брифинг со новинарите беше дециден дека се додека не се напушти Договорот со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека неговата партија не е против тоа Бугарите да влезат во Уставот како дел од народ, но вели дека ако тие ги поддржат уставните измени, ќе продолжи уценувачката политика на Бугарија кон земјава, а која произлегува од Договорот од 2017 година, кој, како што рече, е асимилаторски и треба да се напушти.ПЕТМИНАТА ОБВИНЕТИ ЗА СМИЛКОВСКО СЕ ПРАВОСИЛНО ОСУДЕНИ
Алил Демири, Африм Ислаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири и Фејзи Азири се правосилно осудени за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро во 2012 година на четирите момчиња Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски ид Радишани, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево.
Апелациониот суд објави дека жалбите на петтемина обвинети се одбиваат, се потврдуваат казните, од кои три се доживотна робија, а делото терористички акт не се менува.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
