ФАКТОР НА ДЕНОТ: Има реакции за цените на храната, Бесими вели нема промени за основните производи
НАРОДОТ Е РЕВОЛТИРАН ОД ПОКАЧУВАЊЕТО НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА
Со соопштение околу цените по промените кај ДДВ, што сдоздаде огромна неизвесност и револт кај граѓаните, се огласи Министерството за финансии.
Оттами тврдат дека основните прехранбени производи, кои се дел од секојдневната употреба на граѓаните ќе се и понатаму оданочуваат по најниска даночна стапка на ДДВ, односно нема промена и таа останува на 5 отсто како што тоа е предвидено со Законот за Данок на додадена вредност и поблиску дефинирано со Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ која Владата ја донесе на 28 септември, а која стапува на сила од денеска. Донесените одлуки нема да влијаат на пораст на крајната цена на основните прехранбени производи.OБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ЗА НЕГУВАТЕЛКАТА ОД ВЕЛЕШКАТА ГРАДИНКА
Основното јавно обвинителство Велес оформи предмет по допрен глас за да се проверат информациите дека негувателка во детската градинка „Димче Мирчев“ Велес им давала да пушат електронска цигара на децата од нејзината група.
„Во насока на испитување на евентуални основи на сомнение за кривично дело на запуштање и малтретирање дете, надлежен јавен обвинител издаде наредби и насоки до МВР за преземање на дејствија кои вклучуваат да се извршат разговори со лица (вработени и родители) кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот. Се преземаат и други дејствија, а предметот е во фаза на предистрага“, информираат од ОЈО.ДУИ ИМ СЕ ЗАКАНИ НА ОБЛОЖУВАЛНИЦИТЕ
ДУИ попладнево објави статус на социјалните мрежи со кој на обложувалниците им се закани „дека ќе им го сруши монополот“ и дека во иднина „нашите деца ќе останат подалеку од нив“.
Според владеачката партија, со новиот Закон за игри на среќа што чека да биде изгласан по скратена постапка, со оддалечување на обложувалниците на 500 метри од училиштата, аштитува и спречува малолетници, како што пишува министерот за политички систем, да се вклучат во коцкање.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
foto freepik.com/nomadsoul1
