ФАКТОР НА ДЕНОТ: Горивата од полноќ поскапуваат, и тоа ги натера граѓаните да направат колони пред бензинските
РЕКОРДНИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА
Гужви има на бензинските пумпи, а граѓаните брзаат да наполнат гориво, бидејќи од полноќ има нови повисоки цени.
Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ) попладнево донесе одлука за значително поскапување на цената на горивата. Од ноќеска на полноќ бензините ќе се продаваат по рекордна цена.
Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе чини 104,00 (денари/литар) - Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 106,50 (денари/литар) - Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 95,00 (денари/литар) - Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 93,00 (денари/литар) - Мазут М-1 НС - 54,640 (денари/килограм).РАДЕВ И ПЕТКОВ СО МАКРОН ЌЕ РАЗГОВАРААТ ЗА МАКЕДОНИЈА
Наскоро ќе биде организирана посета на Франција на бугарскиот претседател Румен Радев и бугарскиот премиер Кирил Петков. Во нивната делегација ќе биде и претставник на министерството за надворешни работи. Во Париз се очекува да го одобрат предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за укинување на ветото за преговорите за членство на Македонија во ЕУ, објави денеска БГНЕС:
Ова за БГНЕС го соопштија учесниците на последниот коалициски совет што се одржал во петокот вечерта на 27 мај. Изворите се од различни политички еминенции и секој поединечно ја потврдил информацијата.МИНИРАНИ ТЕЛА НА УКРАИНСКИ БОРЦИ СЕ НАЈДЕНИ ВО МАРИУПОЛ
Русите тврдат дека во челичарницата Азовстал во украинскиот град Мариупол е пронајдено комбе со 152 тела на убиени украински војници, под кои биле поставени четири мини, пишува republicworld.
Велат дека украинските сили го оставиле комбето со телата во подземниот комплекс на Азовстал, а мините биле поставени за да ја обвинат Русија за масовно убиство.
Портпаролот на руското Министерството за одбрана, Игор Конашенков изјави дека врз основа на испитувањето на заробените војници од баталјонот „Азов“, телата на загинатите се минирани во Киев, што потоа би се искористило во пропагандни цели. Вели дека телата на загинатите украински војници, наскоро ќе им бидат предадени на претставниците на Украина.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
