ФАКТОР НА ДЕНОТ: Функционерите почнаа да примаат за 78 отсто покачени плати
ФУНКЦИОНЕРИТЕ ПОЧНАА ДА ПРИМААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ
„Легнаа“ повисоките плати за околу 1.000 функционери. Покачувањето е за 78 отсто. Најголемо зголемување има за спикерот Талат Џафери, претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски.
ЌЕ ИМА ПОВЕЌЕ РАБОТА ЗА ЛЕКТОРИТЕ
Владата на денешната седница го разгледа и утврди текстот на Предлог на закон употребата на македонскиот јазик.
Од таму посочуваат дека новопредложениот Закон, според предлагачот, Министерството за култура, се заснова на: подигање на јазичната култура, негување и заштита на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо; афирмирање на потребата од зголемена општествена и индивидуална грижа за правилна употреба на македонскиот јазик во јавната и во службената комуникација; почитување и унапредување на јазичниот стандард и организирање активности во оваа насока.ТАТКОТО НА АЛИ МАХМУТИ НЕ ДОЗВОЛИ АХМЕТИ ДА СТАВИ ЦВЕЌЕ НА ГРОБОТ НА СИН МУ
Таткото на Али Махмути не дозволи лидерот на ДУИ, Али Ахмети да стави цвеќе на гробот на неговиот син во селото Слупчанe, пренесоа медиумите на албански јазик. Станува збор за лице загинато во 2001 година. Во коментарите луѓето го нарекуваат Ахмети предавник и човек кој е жеден за власт.
На церемонијата за одбележување на почетокот на конфликтот во 2001-вата во Слупчане денеска се појави и Ахмети.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Еден од најпознатите македонски специјалисти, ортопедскиот хирург д-р Виктор Камнар, по подолги преговори, прави трансфер од Универзитетската Клиника за ортопедија и ќе премине во приватната клиничка болница „Аџибадем Систина“.