ФАКТОР НА ДЕНОТ: Да се зголеми минималецот на 500 евра или ќе има генерален штрајк
ИЛИ МИНИМАЛЕЦ ОД 500 ЕВРА ИЛИ ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК
Слободан Трендафилов, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија,на денешната прес-конференција рече дека функционерите од овој месец ќе добијат повисоки плати согласно пресметката за просечната плата во 2024 и им порача да го прифатат предлогот за минимална плата од 30.000 денари.
- Ако некој еднострано одлучи да ја отфрли иницијативата за зачувување на животниот стандард на работниците, ние можеме да донесеме еднострана одлука за штрајк,се закани лидерот на ССМ.
Побара до средината на март да има почетен разговор на ниво на Економско-социјалниот совет, за сметководителите да имаат време да ја пресметаат мартовската плата. ССМ бара на редовното зголемување на минималната на плата од 24.400 денари, да се додадат уште 6.000 денари,со тоа што за таа разлика работодавците да не ги плаќаат социјалните придонеси.МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ВО ПОСЕТА НА УНГАРИЈА
Во рамките на дводневната посета на унгарско-македонскиот владин самит, кој се одржува во Будимпешта, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари билатерална средба со Тибор Наврачич, министер за јавна администрација и регионален развој на Унгарија.
На средбата, двајцата министри разговараа за регионалниот развој, одржливоста на системите за локално управување, децентрализацијата и територијалната организација на двете земји, а споделија и разменија искуства и практики во интерес на подобрување на начините на функционирање на локалната самоуправа на двете земји.АПЕЛАЦИЈА ЈА НАМАЛИ КАЗНАТА НА БОКИ 13
За 4 години e намалена казната на Бојан Јовановски - Боки 13, со што му останаа уште неколку месеци.
СДСМ ОБЈАВИ СМЕТКИ ОД ГОЗБИТЕ НА КОЧОСКА И МИЦКОСКИ
Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, објави сметки од времето кога министерката Кочоска била директор на финансии на ЕЛЕМ а Мицкоски директор на истата компанија.
„Неморал и аздисаност, СДСМ објави сметки од гозбите на Кочоска и Мицкоски.
Неморалот на Кочоска не е само во навредите и дискриминациите кон жените туку и во аздисаното трошење на народни пари.
Денеска ќе објавиме сметки и фактури од времето кога Кочоска била директор за финансии во ЕЛЕМ а Мицкоски директор на истата државна компанија.НЕКОЈ ГО ОТКОПАЛ ГРОБОТ НА ЗОКИ ФАЦИ
Блискиот пријател на Зоки Фаци, Стефан Лазаров, објави шокантни информации на фејсбук, дека некој го откопал гробот на починатиот Зоран Василевски.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
