Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Цените на нафтата повторно растат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Цените на нафтата повторно растат

НАФТАТА ПОСКАПУВА

Цените на нафтата скокнаа на највисоко ниво во последните две недели во недостатокот на договор за прекин на војната со Иран.

Денеска цената за Брент суровата нафта порасна за 5,7 проценти на 108,01 долари, што е најголемиот еднодневен скок за меѓународниот репер од 11 март. West Texas Intermediate, американски репер за нафта, порасна за 4,6 проценти на 94,48 долари.

Цените на нафтата се погодени од нестабилност откако започна војната меѓу САД и Иран пред речиси четири недели.

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ЛЕКАРИ РАБОТЕЛЕ СО НЕКОЈ ЧУДЕН „ЕЛИКСИР“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница посочи дека во здравствениот систем постојат злоупотреби и неетичко однесување од страна на дел од здравствените работници, за што, како што рече, мора отворено да се зборува.

Тој наведе дека има случаи каде поединци преку сомнителни практики пријавувале дежурства и на тој начин значително ги зголемувале своите примања.

-Треба да зборуваме и со доза на критика за одредени здравствени работници кои преку чуден „елексир“ на континуирана работа пријавуваат дежурства и добиваат месечни примања и над 10.000 евра - рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека постојат и случаи каде се пријавувала работа без прекин, дури и во денови повеќе од календарските.

НИКОЛОСКИ ОБЈАСНИ ЗОШТО СТАНОВИТЕ ПОСКАПУВААТ

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ ја обвини Владата за негрижа кон работничките семејства и за толерирање шпекулации на пазарот, додека министерот за транспорт, Александар Николоски возврати дека високите цени на становите се директна последица на блокирањето на урбанистичките планови и хистеријата што се создава против градежништвото, особено во некои скопски општини и во Охрид.

Мециновиќ истакна дека домувањето не смее да биде комодитет, туку човеково право. Николоски ги отфрли обвинувањата, нагласувајќи дека токму политиките на Левица и создавањето отпор кон секој нов детален урбанистички план во скопските општини ја ограничуваат понудата на станови, што неизбежно води до раст на цените според основните економски законитости.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Пратениците од редовите на опозицијата, од кои најголем дел од опозициската СДСМ до Собранието доставија неколку предлог измени на законите со кои според нив ќе се подобри животниот стандард на граѓаните.

Во Македонија граѓаните најчесто до работното место стигнувале со сопствено возило, а најмал е бројот на оние кои патувале со воз.

Народна банка вo текот на минатата година наплати поголеми провизии од домашните деловни банки, покажува финансискиот извештај на централната банка за 2025, иако од август лани им ги намали надоместоците за плаќањата преку Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС).

Дали најавената реконструкција на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски е обид да се освежи функционерскиот тим за исполнување на ветената агенда или пак за проветрување на кадрите по очекуваните промени кај коалициските партнери, пред се ВРЕДИ (Vlen), но и двете министерски позиции кои ги држи ЗНАМ, со можни рокади, па дури и одлучни резови.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести