Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бислимовски соопшти дека на БЕГ ќе му бидат одземени сите три лиценци, имаме и ново поскапување на горивата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бислимовски соопшти дека на БЕГ ќе му бидат одземени сите три лиценци, имаме и ново поскапување на горивата

НА БЕГ ЌЕ МУ ГИ ОДЗЕМАТ ЛИЦЕНЦИТЕ

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, на денешната прес-конференција, зопрашан за големите трошоци прикажани од страна на Балкан Енерџи Груп, тој одговори кратко дека во моментов е покрената постапка за одземање на сите три лиценци на компанијата.

- Во тек е одземање на сите три лиценци и толку имам да кажам. Во моментот кога ќе ги одземеме лиценците, ќе ја информираме Владата. Таа треба потоа да распише тендери, рече Бислимовски пред новинарите и додаде дека нема да има ладни радијатори ниту еден ден.

Претходно, медиумите објавија дека во прашање е одземањето на само едната лиценца - онаа за производство, но со новиот момент кој го обзнанува првиот регулатор, ќе бидат одземени и оние за дистрибуција и снабдување.

ГОРИВАТА ПОСКАПУВААТ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемувањена малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,89 отсто во однос на претходно. 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,249 отсто, кај дизелотза 3,681 отсто, кај екстра лесното масло за 3,681 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 1,405 проценти.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98  се зголемуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит.

ТУРБУЛЕНЦИИ НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА ВО БУГАРИЈА

Осум бугарски пратеници од партијата Има таков народ го напуштаат лидерот Слави Трифонов, кој минатата недела реши да излезе од владината коалиција.

Ова го објави бугарскиот портал 24часа.бг. 

Според медиумот, тие ќе излезат од пратеничката група на ИТН, но сè уште немаат постигнато договор за соработка со партијата Продолжуваме со промените на премиерот Кирил Петков.

Осумтемина пратеници се организирани од министерот за спорт од ИТН, Радостин Василев, кој, според бугарскиот медиум, бил против напуштање на владата.

ТАВАН ПАДНА ВО ГРАДИНКА ВО КАРПОШ

Таванот во градинката „Мајски цвет” во населбата Тафталиџе 2 во Општина Карпош се урнал за време на викендот што измина.

Немилиот настан се случил кога градинката била празна и без дечиња, така што, за среќа, нема повредени, ниту пак жртви.

СЕВЕРОДОЊЕЦК Е ОТСЕЧЕН

Началник на Луганск, Серхиј Гајдаи вели дека уништени се сите мостови кон Северодоњецк, и речиси е невозможна евакуација на цивили. 

Тој додаде дека сѐ уште има „некој пристап“ кон градот. Гајдаи на Телеграм напиша дека руските војници немаат целосна контрола над градот, и дека „дел“ сѐ уште го држи украинската армија. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Поради војната, Украинците ги сменија ставовите кон материјалните работи. Украинскиот поет, преведувач и есеист Андриј Лубка деновиве порача дека луѓето наместо да вложуваат во материјалното, треба да се посветат на нематеријалните работи. 

Компанијата „Жикол Струмица“ е најголемиот добитник на државни пари во мј годинава, говорат податоците на порталот Отворени финансии на Владата. Само во петтиот месец во годинава, ова струмичко друштво со ограничена одговорност на едно лице наплатило од локални самоупрваи и државни органи вкупна сума од 1,82 милиони евра, а во нив предничи главниот град на државава, покажуваат податоците кои имаат јавен крактер.

МЕПСО на тендер, втор пат по ред, си избра ист снабдувач на струја! Тоа ќе биде фирмата-ќерка за продажба на поголемиот државен брат ЕСМ – државната компанија за производство на струја. МЕПСО за оваа услуга за пола година ќе си плати еден милион евра.

Трите лиценцирани компании на БЕГ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија прикажаа три пати поголеми трошоци за 2022 до Регулаторната комисија за енергетика.

Слично

Поврзани вести