Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фактор ја сопре анкетата „Дали МРТВ е вистински јавен сервис?“ поради очигледниот обид таа да биде лажирана

Фактор ја сопре анкетата „Дали МРТВ е вистински јавен сервис?“ поради очигледниот обид таа да биде лажирана
Почитувани читатели на Фактор, го запираме гласањето на анкетата „Дали МРТВ е вистински јавен сервис?“, поради очигледниот обид за злоупотреба на истата. Имено, во доцните часови во 00 часот и 33 минути, беше забележан хакерски напад врз анкетата со истурање на над 5000 гласови во рок од 5 минути за еден од понудените одговори (што не кореспондираше со бројот на читатели на сајтот во наведениот период). Бидејќи не сакаме да учествуваме во евентуална злоупотреба на анкетата, во било какви цели, или за било чии интереси објавуваме дека гласањето е завршено. Фактор се заблагодарува, и воедно им се извинува на сите свои читатели кои имаа чесни намери при гласањето на оваа анкета. Нова форма на сондирање на јавното мислење ќе објавиме во моментот кога ќе преземеме безбедносни мерки за заштита од вакви или слични упади на нашата страница. За текот на гласањето во текот на денот и пред самиот крај на анкетата сведочат следните принтскринови. Поставени се хронолошки од 19 часот па се до 01 часот по полноќ кога ја прекинавме анкетата. anketa5anketa6anketa7anketa8
Слично

Поврзани вести