Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фактор и Нова Консалтинг: Пријатели на Вашиот бизнис!

Фактор и Нова Консалтинг: Пријатели на Вашиот бизнис!
Почнувајќи од овој месец Фактор и Нова консалтинг и едукација редовно, на неделна основа ќе Ви ги нудат на увид сите законски измени што го тангираат работењето на компаниите. Со оглед на честите промени на законите ќе се обидеме најпрактично да им претставиме на компаниите и нивните одговорни лица какви тековни промени се потребни во работењето, од аспект на сметководство, даноци, консалтинг, ревизија. Денеска старуваме со најгорливата тема. За еден месец стапуваат на сила измените со кои ќе се плаќаат новите придонеси. ОД 1-ВИ ЈАНУАРИ 2015 ГОДИНА НА ДОГОВОРИ НА ДЕЛО И НА АВТОРСКИ ДОГОВОРИ ЌЕ СЕ ПЛАЌААТ ПРИДОНЕСИ Задолжително плаќање на придонеси за ПИО и задолжително здравство за лица кои остваруваат приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа во износ повисок од износот на минималната плата утврдена со Законот за минимална плата. НА КОИ  ДОГОВОРИ ЌЕ СЕ ПРИМЕНУВААТ ОД ЗПЗСО? -Договор за дело, -авторски договор, -друг договор од извршување физичка и/или интелектуална работа со кои физичко лице остварува приход кој во нето износ е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон. КОИ ДОГОВОРИ  НЕ СЕ ОПФАТЕНИ СОГЛАСНО ЗПЗСО ИСООПШТЕНИЕТО ОД УЈП? -примања на професионални спортисти (премии, трансфери), -примања на функционери, пратеници, советници и други носители на јавни -функции (избрани и именувани лица), -надоместок по основ на стипендии, -договори за јавна работа кој ги склучуваат единиците на локалната самоуправа -договор за закуп, -волонтерство согласно со закон, -надоместок за судии, поротници, вешти лица, и стечајни управници, -надоместок за врвни спортисти, -договор за дело, авторски договор, друг договор од извршување физичка -и/или интелектуална работа со кои физичко лице – корисник на пензија според прописите од пензиското и инвалидското осигурување не подлежат на плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување. КОЈ Е ОБВРЗНИК ЗА ПЛАЌАЊЕ? ПРАВНОТО ЛИЦЕ ИСПЛАТУВАЧ Доколку договорот е склучен со правно лице, а износот на договорот го надминува износот на минималната плата, во тој случај обврзник за пресметка и уплата е правното лице – исплатувач. ФИЗИЧКО ЛИЦЕ –ПРИМАТЕЛ НА ПРИХОДОТ Доколку договорот е склучен со физичко лице, или има склучено повеќе договори со правни лица чиј поединечен износ е под минималната плата, а збирниот износ ја надминува минималната плата, во тој случај обврзник за пресметка на придонесот за ПИО е ФПИОМ, а обврзник за пресметка на придонесот за здравство е ФЗОМ. Обврзник за уплата на придонесите е лицето само за себе. СТРАНСКИ ФИЗИЧКИ ЛИЦА За странско физичко лице кое има работна дозвола и регулиран престој со лична карта за странец, а воедно е државјанин на држава со која Република Македонија нема склучено Договор за социјално осигурување, во тој случај се обврзници за плаќање на придонесите. Државјаните на држава со која Република Македонија има склучено Договор за социјално осигурување нема да подлежат на обврската за плаќање на придонесите бидејќи согласно одредбите од Договорот за нив се применуваат правните прописи на странската држава, доколку е одобрен исклучок од правилото за плаќање на придонес. КОИ СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ ЌЕ СЕ ПЛАЌААТ? Лицата кои од 1 јануари 2015 година ќе остваруваат приходи врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор ќе бидат обврзниците за плаќање на: -Придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување чија стапка за 2015 изнесува 17,6% и -Придонес за задолжително здравствено осигурување чија стапка за 2015 година изнесува 7,3%. Напомена: Стапките на придонес за ПИО и на придонес за задолжително здравство кои ќе се применуваат за 2015 година се пропишани во член 31 став 3 од Законот за придонеси за задолжително социјално осигурување. КОЈ ЌЕ ЈА ВРШИ ПРЕСМЕТКАТА И УПЛАТАТА НА ПРИДОНЕСИТЕ? Новото законско решение предвидува два случаи во однос на тоа кој ќе врши пресметка, односно уплата на социјалните придонесе и тоа:
  • Правното лице ‐ исплатувач на надоместокот ќе врши пресметка и уплата на придонесите до колку износот кој го исплаќа во нето износ е поголем од износот на минималната нето плата
  • Фондот за ПИОМ и Фондот за здравствено осигурување ќе вршат пресметка на придонесите за лицата кои по повеќе договори остваруваат приходи помали од минималната плата, но кои во збирен износ ќе го надминат износот на минималната плата утврдена со закон. Обврзник за уплата на придонесите во овие случаи ќе бидат лицата сами за себе.
ШТО Е ОСНОВИЦА ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ПРИДОНЕСИ? Основица за плаќање на придонесите за ПИО и задолжително здравство ќе претставува бруто надоместокот утврден во договорот за дело, бруто надоместокот утврден во авторскиот договор намален за признати трошоци согласно Законот за персоналниот данок на доход и бруто надоместокот утврден во друг договор со кој е определен надоместок за извршена работа за лице кое остварува приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа. повеќе на Нова консталтинг.мк
Слично

Поврзани вести