Фактор екслузивно од Самитот “Форбс под 30 во Европа”: И Македонија има претставници
Со спектакуларно затворање на Еуронекст (Euronext) најстарата
берза во Амстердам, вчера се отвори Самитот “Форбс Под 30 во Европа” (Forbes
Under 30 Europe). Иако овој самит (за успешни млади под 30 годишна возраст) е
релативно млад, и првиот Самит датира од април 2016, набрзо стана мотив за
успех и достигнување на младите ширум светот. Досега се одржуваше два пати
годишно, во мај во Тел Авив и кон крајот на септември во Бостон, а од вчера и
Европа доби свое место во глобалната агенда.
Настанот во Еуронекст, го отвори Рендал Лејн, извршен директор и
основач на овој проект “Форбс под 30”, кој истакна дека Амстердам е избран за
град носител на Европа поради три работи, најстарата берза во светот е во
Европа (која датира од 1602 година), потоа Амстердам е најбрзиот растечки град
по технологија и иновативност и трето бидејќи е и најзабавниот град во Европа.

На коктелот по завршувањето на церемонијата во Амстердамската берза свое обраќање имаа и градоначалникот на Амстердам и директорот на Форбс.
На првиот самит во Европа присуствуваат над 200 млади, од сите континенти на светот, некои кои се веќе на листата на Форбс под 30, и некои кои се номинирани за следната година, но сите со иста цел, развивање нови пријателства, размена на искуства и незаборавна Форбес забава.

Македонија беше претставена од неколку успешни млади под 30, како Аријана Коскарова од бизнис центарот Creative Hub, Жарко Димитриоски од Еден на Еден, Нина Ангеловска од Групер и Дарко Пеповски.

Учесниците ги чекаат два дена на интензивни панел дискусии и
забава, а за се што ќе се случува денес прочитајте во утрешната репортажа за “Форбс
под 30 Европа”.
За Фактор од Амстердам,
Аријана Коскарова (Creative Hub)
