Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фактор ексклузивно: Струјата поскапува за 3,5%!

Фактор ексклузивно: Струјата поскапува за 3,5%!
Од први јули струјата поскапува за 3,5% дознава Фактор. Регулаторната комисија за енергетика ги финиширала пресметките за корекција на цената на електричната енергија. Енергетските компании прикажаа зголемени трошоци, затоа логично беше и да се очекува поскапување на струјата. Регулаторот дополнително барал објаснување и од ЕЛЕМ и од МЕПСО и од ЕВН Македонија за прикажаните трошоци по што пресметал дека крајната цена за домаќинствата треба да биде повисока за 3,5%. Зголемувањето е утврдено согласно пресметките на енергетските компании кои минатиот месец ги доставија трошоците до Регулаторна комисија за енергетика. Според најновите правила, цената на струјата се утврдува еднаш во годината и важи од 1 јули. Се очекува во понеделник новата цена на струјата, на прес конференција да ја објават членовите на Регулаторната комисија за енергетика. Регулаторот сега ја дефинира цената само за домаќинствата, но од 1 јануари се очекува со целосното отворање на пазарот цената да се формира слободно.
Слично

Поврзани вести