Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР ДОЗНАВА: Владата пушти срце, локалите ќе работат до 22 часот

ФАКТОР ДОЗНАВА: Владата пушти срце, локалите ќе работат до 22 часот

Нова радосна вест за граѓаните кои со нетрпение очекуваат да се отворат локалите, односно кафулињата и рестораните.

Односно, локалите нема да затвораат во 20 часот навечер, туку до 22 часот навечер, што значи два часа повеќе отколку што беше првичната информација.

Според сознанија на Фактор, ова е најновиот Протокол за работа на угостителските објекти, што денеска го усвоила Владата, откако претходно најавата беше дека тие ќе работат до 20 часот.

Крешник Бектеши, министерот за економија, на денешната прес-конференција, коментирајќи ги мерките и препораките кои се бараат од угостителите пред утрешното повторно започнување со работа на овие дејности рече дека не мора повеќе од двајца посетители седнати на една маса да се од исто семејство.

„Одлуката е само за отворање на тие угостителски објекти со надворешни тераси. Според протоколите, ќе се гледа на начинот на организирање на просторот и дезинфекцијата, како и однесувањето на клиентите и дистинцата на масите од 2 метри квадрати. Што се однесува до членови на семејства или не, нема таква одлука за тоа“, рече Бектеши.


Слично

Поврзани вести