Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фактор дознава – РЕК Битола не работи!

Фактор дознава – РЕК Битола не работи!
Трите блока на РЕК Битола се надвор од употреба, дознава Фактор. Во најголемиот тремокапацитет во моментот не работи ниту еден блок. Од државните елктрани сe'уште нема никаков коментар. Според информациите до кои дојде Фактор во моментов Македонија добива струја од хидроелектраните кои работат со полн капацитет и од интервентен увоз на струја. Среќна околност во овие моменти е што временската состојба е добра, а потрошувачката на струја е помала од вообиаченото. Според нашите информации, во моментот потребите за потрошувачката на струја се 800 MW, од нив 300 се обезбедуваат со интервентен увоз, а останатите 500 се производство од хидроелектраните. Информациите на Фактор велат дека се прават максимални напори за да се оспособи најголемиот термокапацитет РЕК Битола, за да не настанат посериозни проблеми во снабдувањето со струја.
Слично

Поврзани вести