ФАКТОР БРИФ: „Алкалоид“ е миленик на инвестициските фондови, се „лизна“ ли Комерцијална банка?
*Која банка има профит од 7 милиони евра за три месеци?
Секоја акција на „Комерцијална банка“ за првите три месеци годинава носи добивка од 200 денари. Вкупниот профит по оданочување надмина 7 милиони евра. Профитот е преполовен во однос на истиот период лани, но тогаш се случи феноменалната наплата на побарувањата од „Фени“ нешто што тешко може да се повтори. Банката има пад на нето приходот од камати, а вложувањата ги алоцира од кредити кон хартии од вредност и заеми на други банки
Македонските физички и правни лица во 2018 биле осудени на вкупна глоба од 35 милиони евра во 2018-та од органите на извршната и правосудната власт кои имаат ингеренции да казнуваат, според вкупната годишна евиденција пријавена од оние што санкционираат до Управата за јавни приходи.
Точната пријавена бројка на изречени глоби во УЈП е 2.095 милиони денари и се верува дека наплатата е речиси еднаква бидејќи голем дел од износот на глоби, паушали и трошоци граѓаните ги плаќаат доброволно, а во многу помал случај наплатата е присилна.
Капиталните инвестиции во лер: Објавени податоците до март
Само 6,2 отсто од капиталните расходи кои Владата ги превиде за годинава успеа да реализира за првите три месеци. Бројките за реализација на буџетот докажуваат дека и годинава продолжува катастрофалниот тренд на реализација на капиталните инвестиции или трошоците за железница, училишта, градинки, гасовод.
Како им одеше бизнисот лани на компаниите за осигурување „Сава“ и „Еуроинс осигурување“ ?
Осигурувањето е перспективен бизнис, но само ако се менува културата на живеење и квалитетот на живот во нашава земја. Низ примерот на „Сава осигурување“ и „Еуроинс осигурување“ се гледа дека 2018 година била добра година за македонските осигурителни компании. Расте пазарното учество, но расте и добивката по оданочување. Сепак стапките, иако е финансиски сектор, се неспоредливо помалку атрактивни од растовите на банкарскиот сектор
Прилепската компанија Мермерен комбинат лани исплатила просечен бруто износ од 46.227 евра по член на одборот на директори. Вкупниот бруто износ исплатен на шестмината членови на одборот на директори: Христофорос Павлидис, Периклис Николау, Јасна Ажиевска Петрушева (изврпен член), Николаос Димарелис, Теодорос Апостолопулос и Зоран Пандев за лани е 277.360 евра, пишува во годишниот извештај на прилепската компанија достапен на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.
