Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Фактор“ Банк – ранг листа! Кој е џокер во ракавот на банките?

„Фактор“ Банк – ранг листа! Кој е џокер во ракавот на банките?

Нето приходите од провизии и надоместоци се банкарски хит на оваа полусезона. Сите банки, за кои имаме достапни податоци, книжат солидни растови на нето приходите од провизии и надоместоци. Видлива е тенденција на значајно зголемување на учеството од оваа приходна ставка во добивките на банките за периодот јануари – јуни.

Седум домашни деловни банки ги објавија полугодишните финансиски извештаи. Тренд во бнкарското работење во првата половина од годинава е растот на нето приходите од провизии и надоместоци во споредба со истиот период лани. Оваа тенденција и беше очекувана и не е изненадување. Причината е значајното ублажување на повеќето анти-ковид мерки како и укинување на ограничување на движење. Зголемената мобилност позитивно влијаеше врз економијата,а со тоа во банкарските плаќања.

Генерално, сите параметри покажуваат дека банкарскиот сектор е стабилен, а што е многу важно нивните растечки перформанси се предвидливи. Нема промени во структурата на пазарот. И понатаму доминираат трите најголеми банки, а најголема е конкуренцијата на сегментот кој е најброен – во кој делуваат средните банки.

Еве ги најважните податоци за работењето на банките чии акции котираат на Македонската берза за хартии од вредност:

* сите износи се изразени во милиони евра


Слично

Поврзани вести