Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР АНКЕТА: Гласајте за бизнисмен на годината

ФАКТОР АНКЕТА: Гласајте за бизнисмен на годината

Кој според вас е бизнисмен на годината. Во следните денови читателите на Фактор ќе имаат можност да гласаат за еден од номинираните пет бизнисмени во анкетата на медиумот. Опцијата за гласање ќе ја имате под секој отворен текст.

Фактор одбра пет бизнисмени кои во последната година успешно раководеа, а нивните компании постигнаа добри резултати. Станува збор за субјективно гледање, се разбира истото е базирано на факти. Клучен критериум за изборот беше успешност на компанијата со која раководат во последната година, но и нивниот личен развој и општествениот контекст. Се разбира во земјава има уште многу успешни бизнисмени. Во одделно рангирање, Фактор ќе прогласи и бизнисмени кои ја одбележаа изминатата деценија.

Во оваа анкета може да гласате за Кирил Лазаров, сопственик на Никоб, за Ајдован Адемоски, сопственик на DoubleTree by Hilton, за Фатмир Етеми, сопственикот на ЗСФ – КОМ, Тања Атанасова, директор во Вивакс и за Илија Господинов директор за Ендава.

Кирил Лазаров раководи со Агенцијата за обезбедување Никоб која лани има раст на приходите од дури 57 проценти. Во таа година Никоб го бетонираше лидерското место меѓу приватните агенции за обезбедување. Вкупните приходи на оваа компанија лани изнесуваат над 671 милион денари, што е за дури два ипол пати повеќе од приходите на компанијата која е втора на листата најдобри агенции за обезбедување на пазарот. Но растот кај Никоб се должи на зголемување на приходите од сите услуги кои ги нуди, а во 2018 година, според податоците, компанијата го зголемила значајно портфолиото и разноликоста на услужната страна. Во 2018 година оствари и добивка од 34 милиони денари што е раст на „позитивата“ од дури 96 проценти во споредба со претходната 2017 година.

Точно пред една година, односно на 1 јануари 2019 бизнисменот Ајдован Адемоски го означи почетокот на работата на хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје. Македонија стана 109-та земја на светската мапа каде што брендот Hilton стави знаменце. Инвестицијата беше вредна околу 50 милиони евра, а хотелот по принципот на франшизен договор започна да работи со 100-тина вработени. Адемоски е сопственик на City Plaza холдингот, а меѓу најголемите потфати се хотелот Stone Bridge во Скопје и станбено деловниот комплекс Capitol.

Фатмир Етеми е познат во јавноста по својата градежна компанија „ЗСФ-КОМ“. Но треба да се знае дека тој преку неговата фирма годинава направи неколку бизнис-маневри со тргувањето со хартии од вредност.„ЗСФ-КОм“ во изминатиот период купи голем дел од акциите на „Скопски пазар“, но и на Комерцијална банка, а Етеми беше поставен и за член на Надзорните одбори на овие две големи акционерски друштва.

Тања Атанасова е маркетинг директор во Вивакс, најголемиот македонски производител на овошни сокови, нектари, каши и пиреа под брендот Вива. Компанијата годинава го одбележува своето 25 годишно постоење, а по тој повод  компанијата направи редизајн и промена на пакувањето на премиум линијата производи. Компанијата е лидер на пазарот, еден од најголемите извозници од земјава. Во годината што измина Вивакс продолжи со инвестициите во современа технологија, нови објекти и зголемување на квалитетот на производите, како и во тимот вработени.

Илија Господинов е директор на ЕндаваМакедонија. Фирмата е подружница на британска компанија за софтверски решенија. Endava PLC е базирана во Лондон, и котира со акции на NYSE (DAVA),со седиште во Скопје. Нејзиниот приход лани е 6,6 милиони евра и книжи раст од 48 отсто во споредба со претходната година. Профитот на „Ендава“ лани е 105 отсто повисок од 2017 година и изнесува 537.800 евра.

А.Т.

Слично

Поврзани вести