Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

Скопските компании доминираат во најбрзорастечката индустрија - ИТ секторот во најголемите десет остварени добивки од изработка на софтвер и други компјутерски услуги во Македонија за 2023. Сите 10 фирми за програмирање и слични дејности оваа година се скопски.

Пишувањето кодови е топ бизнис на нашата сегашност. Дигиталната доба во која живееме креира бизнис клима во која програмерите се неопходни, а според тоа и одлично платени. 

Македонија има голем број компании кои глобално се конкурентни на пазарот на производство софтвер и пишување кодови. Нашите програмери се конкуренти на светскиот пазар на труд, а на нашата земја и носат значајни приходи од извоз на памет односно од производтво и продажба на софтвер на глобалниот пазар.

На првото место е Аксапта Мастерс со чист домашен капитал основана од Игор Трпковски, Ристе Маревски и Владимир Митрески. Има 276 вработени, бројка која во континуитет се зголемува.

На второто место е швајцарската софтверска компанија Нетцетера со филијала во Скопје и 419 вработени во Скопје, а трета за минатата година е Киншифт (до лани беше Сеавус пред да се ребрендира) со 694 вработени лица зад кои стои чешкиот сопственик „Арицома Гроуп АБ“. А.К.


Извор: Центар регистар

Слично

Поврзани вести