Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

Околу 32 милиони евра е добивката на најголемите градежни фирми чија основа на бизнисот е изградба на згради за колективно домување во 2023. Крмзов-МР, на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, кој гради станбени комплекс, има убедливо најголема добивка од повеќе од 9 милиони евра.

Во Топ-10 од минатата година се и кумановските Мега и Голден Арт, инаку фирми сопственици на парцели во кругот на поранешната фабрика „Треска“ во центарот на Скопје.

Во најдобрите 10 е и СМС Шопс Скопје, компанијата на бизнисменот Амар Салиу која ги гради становите во комплексот „East Gate Living“ во скопска Автокоманда.

Добропозната Адора инженеринг на Ванчо Чифлиганец е на третото место, а блиску со добивката е битолската Стентон Градба на Снежа Стоајноска, иако заработката на ова друштво треба да се земе со доза на резерва, затоа што приоритетна дејност е изградба на станови, но сепак работи и на проекти од нискоградба и инфраструктура. A.K.

Извор: Централен регистар

Слично

Поврзани вести