ФАКТОР АНАЛИТИКА – избори во САД
Од вечерва од 19 часот редакцијата на ФАКТОР ќе се обиде одблиску да ви ја прикаже изборната атмосфера во САД. За многумина во светот ова се најважните избори на денешницата кои можат да одбележат нов 4 годишен период.
Во зависност од тоа кој ќе биде победникот Барак Обама, или Мит Ромни многу нешта во надворешната политика, но особено во економијата можат да бидат детерминирани на еден или друг начин. Кога светска велесила како САД бира претседател тоа е вест број 1 насекаде во светот, па треба да биде и во Македонија.
Затоа решивме низ еден посериозен, но на моменти и духовит пристап да ве водиме низ изборниот процес во САД. Ќе има вести, извештаи, анализи, фотографии, графикони. Останете со ФАКТОР и во наредните неколку часови.
Слично
