Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТИ И БРОЈКИ: Што најмногу се осигурува во Македонија?

ФАКТИ И БРОЈКИ: Што најмногу се осигурува во Македонија?
За половина година вкупната бруто полисирана премија во осигурителните компании во земјава изнесува 64,6 милиони евра. При тоа најголем дел отпаѓа на неживотно осигурување, односно 58,4 милиони евра. И, оваа бруто полисирана премија е во 11 осигурителни компании. Останатите  6,2 милиони евра се осигурувања на животот. Неживотно осигурување Најголемиот дел од бруто полисираната премија која изнесува 58,4 милиони отпаѓа на автоодговорност. Или кај ова ставка – автоодговорност за половина година има бруто полисирана премија од 26,5 милиони евра. Потоа 11,1 милиони евра изнесува бруто полисирана премија за  осигурувања на имот. Во истиот период има 5,6 милиони евра кај каско осигурувањата и 5,3 милиони евра кај осигурувања од незгода. Кај осигурувањата од пожар и други опасности, во првите шест месеци од годинава бруто полисираната премија изнесува 4,3 милиони евра. Вкупно 1,6 милиони евра се за осигурувања од општа одговорност, а 1,2 милиони евра за осигурувања за туристичка помош. Бруто полисираната премија за половина година, кај карго осигурувањата изнесува 471 илјада евра, а кај осигурувања од финансиски загуби 421 илјади евра. Од вкупно 11 осигурителни компании во земјава, каско на воздухоплови има направено само во две осигурителни компании. И тоа бруто полисираната премија за каско на воздухоплови е 1,3 милиони евра, додека осигурување на одговорност кај воздухоплови има бруто полисирана премија од 177 илјади евра. Осигурување каско на пловни објекти има бруто полисирана премија за половина година од 7,3 илјади евра, а додека осигурувањата од одговорност на пловни објекти изнесува 10 илјади евра. Само две осигурителни компании имаат склучени договори за здравствено осигурување, а бруто полисираната премија изнесува 25 илјади евра за половина година. Склучени договори За половина година, склучени се вкупно 492.189  договори за неживотно осигурување. „При тоа 301.236 се договори за автоодговорност, потоа 155.246 договори за осигурување од незгода, 127.077 договори за осигурување на туристичка помош. За осигурување на договори од пожар склучени се 32.204 договори, а за имот 26.197 договори.“ А за половина година има 20.739 каско на моторни возила. Кај осигурувањата од општа одговорност има 9.544 склучени договори, а додека кај карго осигурувањата има склучени 1.211 договори. За половина година склучени се шест договори за осигурување каско на воздухоплови, 24 осигурувања за одговорност на воздухоплови. Потоа во истиот период склучени се 12 каско пловни објекти и 162 осигурувања за одговорност кај пловни објекти. Осигурување на правна заштита има само еден договор, а за осигурување од финансиска загуба има 45 договори. Компаниите за половина година склучиле и 233 договори за здравствено осигурување, додека пак животот за половина година си го осигурале 3.637 луѓе, односно толку договори се склучени во тој период. За половина година исплатени 121,8 милиони евра штети од автоодговорност Осигурителните компании за половина година, исплатиле вкупно 21,8 милиони евра штета кај неживотното осигурување, и уште 895 илјади евра кај осигурувањата на живот. Кај исплатените штети од неживотно осигурување најмногу има во делот на автоодговорност. Или, за половина година осигурителните компании исплатиле штети за автооговорност за сума од 12,3 милиони евра. Потоа штети од 3,2 милиони евра се исплатени кај каско осигурувањата на моторни возила. Во истиот период, осигурителните компании исплатиле 2,9 милиони евра штети кај осигурувања од незгоди.  Бруто исплатените штети од осигурувања на имот изнесуваат 1,7 милиони евра. Кај осигурувањата на имот од ожар и други опасности исплатена е штета од 1,3 милиони евра. Кај осигурувања за туристичка помош исплатени се штети од 311 илјади евра, кај одговорност од воздухоплови има исплатени штети од 1.500 евра, кај финансики загуби има 1.000 евра. Потоа кај здравстеното осигурување има исплатени штети од 4.700 евра. Се водат судски спорови за 2.231 пријавени штети Бројот на исплатени штети за половина година изенсува 22.633, од кои само 488 се кај осигурувањата на живот. Потоа за половина година има одбиено 4.817 штети од кои 9 се кај осигурувањета на живот, останатото е кај неживотно осигурување. За 2.231 штета се води судски спор, од кои 5 се кај осигурувањата на живот. Во првата половина од годината се уште има нерешени 17.765 штети кои се пријавени.    
Слично

Поврзани вести