„Факом“ во „чекмеџето“ чува 8,55 милиони евра, колку ќе подели како дивиденда?
Одлуката ќе ја донесе „оф-шор“ фирмата „Репро Оне“ која поседува над 97 отсто од акциите, а ќе земе и толкав процент од дивидендата. Од „Репро Оне“ зависи колку кеш ќе замине на Британските девствени острови каде што е седиштето на најголемиот акционер;
„Факом“, скопската индустрија за челични конструкции, идниот месец ќе дели дивиденда на своите акционери. Дивидендата ќе се дели од нераспределената (акумулираната) добивка која изнесува 526,9 милиони денари (8,55 милиони евра), а за износот ќе одлучат акционерите на претстојното собрание закажано за 3 март годинава, објави денеска „Факом“ преку дистрибиција на соопштение на Македонската берза за хартии од вредност. Токму заради ова во петокот на 6 февруари за прв пат по период подолг од една година за прв пат се тргуваше акцијата на „Факом“ на нашата берза. При тоа во една трансакција беа истргувани 50 акции по цена од 5.900 денари за акција. Последната цена на берзата која била постигната за таа акција пред повеќе од една година била 5.800 денари за акција.
Неофицијално, во инвестициската заедница се лицитира со износ што нема да биде понизок од 1.000 денари дивиденда по акција затоа што компанијата досега во три наврати доделувала дивиденда. Последен пат дивиденда е исплатена со акцинерска одлука во март 2012 година кога од нераспределена добивка за 2008 година бил исплатен нето износот од 994 денари по акција.
Освен „Репро Оне“ од дивидендата на „Факом“ ќе се „омрсат“ и 101 домашно физичко лице кои заедно поседуваат 2,67 отсто односно 1.789 од сите 67.000 акции со право на глас во таа компанија. Тоа значи дека овие акционери ќе добијат 2,67 отсто од дивидендата за чие поделување ќе се одлучи во идниот месец.
Досега не е објавена предлог одлуката со износот за дивиденда по акција што може да биде исплатена доколку биде усвоена на претстојното акционерско собрание. Неофицијално, во инвестициската заедница се лицитира со износ што нема да биде понизок од 1.000 денари дивиденда по акција затоа што компанијата досега во три наврати доделувала дивиденда.
Последен пат дивиденда е исплатена со акционерска одлука во март 2012 година кога од нераспределена добивка за 2008 година бил исплатен нето износот од 994 денари по акција. Според официјалните податоци на интернет страницата на Комисијата за хартии од вредност достални на следниот линк „Факом“ исплатил дивиденда во три наврати за претходни години и тоа во износи од 703 денари за акција, 609 денари за акција и 2.751 денар за акција и тоа е во периодот од 2007 до 2011 година.
„Репро Оне Лимитед“ го превзеде „Факом“ во 2006 година. Најпрво купи 14.600 акции со право на глас од вработени во „Факом“ по цена од 2.450 денари за акција, а потоа го купи и пакетот акции што го поседуваше Фондот за ПИОМ во „Факом“. Со тие две пазарни операции „Репро Оне Лимитед“ стигна до стек од 32 отсто од сите акции во „Факом“. Заради тоа, согласно со законските прописи, мораше да даде јавна понуда за превземање на сите слободни акции поседувани од други акционери во „Факом“. „Репро Оне Лимитед“ понуди цена од 2.450 денари за акција за 45.027 акции. Понудата беше успешна зашто „Репро Оне Лимитед“ стигна до 97,23 отсто сопственост во компанијата.
Р.Ф.
Слично
