Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Факом“ ќе исплати 2,71 милиони евра дивиденда, профитот се сели на Девствените острови!!

„Факом“ ќе исплати 2,71 милиони евра дивиденда, профитот се сели на Девствените острови!!
Дивидендата по акција е феноменални 2.245 денари нето! Тоа е феноменален принос од 41 отсто од последната цена по која беше тргувана таа акција на 4 февруари и изнесува 5.500 денари Скопската компанија специјализирана за челични конструкции „Факом“ ќе исплати 166,9 милиони денари (2,71 милиони евра)  на своите акционери, пишува во предлог одлуките што ги објави оваа компанија ги објави на интернет страницата на Македонската берза. Веста е спектакуларна, предлог одлуките се легитимни и многу лукративни, затоа што секоја акција на „Факом“ носи нето добивка од 2.245 денари. Тоа претставува 41 отсто принос во споредба со последната постигната пазарна цена на таа акција на Македонската берза за хартии од вредност, постигната во четвртокот на 4 февруари еден ден пред објавувањето на износите на дивиденда на интернет страницата на берзата. Воедно тоа е единствената трансакција со акцијата на „Факом“ на нашата берза во период од една година наназад. Многу е веројатно дека купувачот на акциите веќе имал инсајдерска информација за износот на дивиденда што ќе го подели „Факом“ на своите акционери. Во предлог одлуките пишува дека дивидендата ќе се исплати од акумулирани добивки на „Факом„ за 2007 и за 2008 година. При тоа износот на добивка за 2007 година што ќе биде преточен во дивиденда е 27,9 милиони денари, а износот за 2008 година е речиси 139 милиони денари односно вкупно заедно 166,88 милиони денари. Речиси апсолутно мнозинство во „Факом“ има оф шор фирмата „Репро Оне Лимитед“ , за која е познато од медиумите дека е регистрирана во даночниот рај Британски девствени острови. Таа фирма има 97,23 отсто од сите акции со право на глас во „Факом“. По тој основ кога ќе се усвои предлогот на претстојното акционерско собрание „Репро оне Лимитед“ ќе добие 2,645 милиони евра кои од Македонија ќе бидат трансферирани на Британските девствени острови. Некои медиуми шпекулираа дека оваа фирма е во сопственост на познатиот бизнисмен Минчо Јорданов. Информацијата никогаш не е демантирана. „Репро Оне Лимитед“ освен во „Факом“ има акции и во „Бетон Скопје“ и таму поседува 22 отсто од акциите со право на глас, а мнозински сопственик со 75 отсто односно со 80 отсто од акциите со право на глас е во „Институт“ и КПОР компании кои се дел од системот „Рудници и Железарница“. „Репро Оне“ во земјава е сопственик и во компанијата што го купи брендот и го издава првиот дневен весник „Нова Македонија“. „Репро оне“ се поврзува и со првата приватна болница „Ре медика“  и со винаријата „Стоби“. „Факом“ во својата акционерска структура има точно 100 домашни акционери сите физички лица и тие ќе поделат меѓу себе ќе поделат 4 милиони денари за 2,67 отсто од акциите што се во нивен посед. „Факом“ и за 2014 година подели дивиденда во износ од 275 денари, а во 2013 и во 2012 година немаше дивиденда. Бизнисот на „Факом“ зафатен од економската криза во металската индустрија генерално трпеше негативни влијанија особено во 2013 година во споредба со 2012 година кога оперативните приходи се намалија од 1,26 милијарди денари на 768 милиони денари. Во 2014 година комапнијата успеа да се поврати и да стигне до ниво на оперативни приходи во вредност од 1 милијарда денари. Р.Ф
Слично

Поврзани вести