ФАКОМ ја почна 2014-та со квартална загуба
Металопреработувачката индустрија ФАКОМ го заврши првиот квартал од 2014 година со загуба од 26,5 милиони денари како резултат на намален физички обем на производство. Во истиот период минатата година компанијата оствари добивка од 1,4 милиони денари.
Во првиов квартал од оваа година компанијата оствари вкупни приходи од 134 милиони денари и кај истите има намалување од 26,53% споредено со истиот период од 2013 година. Кај вкупните расходи има намалување за 11,32% во споредба соодветниот квартал од минатата година.
„Веќе петта година по ред се судруваме со исклучително тешки услови за стопанисување во металската индустрија како резултат на глобалната криза која се одржува со позасилен интензитет и во овој период“, информираше компанијата во кварталниот неревидиран биланс на успех доставен до Македонска берза.
Слично
