„Фајзер“ купи компанија за лекови за рак за 2,26 милијарди долари
Американската фармацевтска компанија Pfizer објави дека ќе го купи канадскиот производител на лекови Trillium Therapeutics, кој работи на иновативни третмани против рак, за 2,26 милијарди долари.
Во соопштението на „Фајзер“ се наведува дека компанијата постигнала договор за купување на „Трилиум“, пренесе Анадолија.
Се додава дека Фајзер, која минатата година купи акции на Трилиум во вредност од 25 милиони долари, ќе ја купи компанијата плаќајќи 18,50 долари во готово по акција.
„Фајзер“ ќе плати вкупно 2,26 милијарди долари за акции што во моментов не се во сопственост на „Фајзер“, што значи премија од 118 проценти на просечната пондерирана цена на Трилиум за 60 дена.
Во соопштението се наведува дека портфолиото на Trillium вклучува биолошки производи дизајнирани да ја подобрат способноста на пациентите да ги детектираат и уништат клетките на ракот.
