Фајон го кажа рокот до кога Белград и Приштина треба да постигнат компромис
Европската Унија (ЕУ) очекува Србија и Косово да постигнат компромис. Наведуваат дека е важно да нема ескалација.
„Белград и Приштина да постигнат компромис до април, пред локалните избори“, порача министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.
Вели дека двете страни мора да покажат дека се посветени. Добила гаранции од приштинските политичари дека се подготвени што поскоро да започнат разговори врз основа на француско-германскиот предлог. Фајон додаде дека од свете страни се бара и да ги спроведат договорите од претходниот дијалог, вклучително и оној за формирање на Заедниците на српските општини. Последните месеци имаше многу тензии меѓу Косово и Србија.foto Facebook
Слично
