Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Фајненшл тајмс“: Грција се подготвува да објави банкрот

„Фајненшл тајмс“: Грција се подготвува да објави банкрот

Владата на Грција се подготвува да прогласи банкрот, ако не успее да постигне договор со доверителите до крајот на месец април, објави „Фајненшел тајмс“. Медиумoт се повикува на извор запознаен со плановите на грчките власти.

Засега се замрзнати 2,5 милијарди евра, со кои ќе бидат исплатени доостанатите рати кон меѓународниот монетарен фонд за мај и јуни, под услов да не се дојде до договор.

„Стигнавме до крајот на нашите можности. Ако Брисел не ни обезбеди средства од фондот за финансиска помош, нема алтернатива за банкрот“, изјавил висок грчки службеник.

Според изданието, предупредувањето за прогласување на банкрот може да е дел од тактиката на Ципрас во преговорите со доверителите за да добие максимално поволни услови. Ако сепак дојде до крајната мерка, тоа не значи автоматски излез на земјата од еврозоната.

Ситуацијата сепак ќе се усложни ако Атина одбива да ги плати долговите, тогаш нејзиното останување во еврозоната ќе биде невозможно. Следните исплати на Грција се во износ од 2,5 милијарди евра - 203 милиони евра до 1 мај, 770 милиони евра до 12 мај и 1,6 милијарди евра во јуни.

Слично

Поврзани вести