„Фајненшл тајмс“: Брисел го обвинува „Газпром“ за злоупотреба
Извори од Брисел се изјасниле дека во среда ќе излезеaт со официјалното обвинение против „Газпром“ за незаконска злоупотреба на доминантна положба на гасниот пазар на Европската унија, пишува „Фајненшл тајмс“.
Тоа ќе се случи по седницата на 28-те комесари.
Во септември 2012 година Европската комисија ја започна истрагата на „Газпром“ за попречување на конкуренцијата во гасниот пазар во Централна и Источна Европа, каде што компанијата зазема доминантна позиција.
Обвиненијата ќе ги влошат и без тоа силните изладени односи со Русија по повод на „Јужен поток“ и неговата замена „Турски поток“. Истрагата против рускиот енергетски гигант се гледа поинаку од Брисел и Москва.
Слично
