Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фајненшал Тајмс: Еден од најлошите изборни скандали во Европа

Фајненшал Тајмс: Еден од најлошите изборни скандали во Европа
Фајненшал Тајмс објави анализа за актуелната политичка состојба во Македонија, во која смета дека ако обвинувањата за фалсификување на изборите се покажат како точни, тоа ќе биде една од најголемите изборни измами во Европа во последните децении. ,, Тврдењата за изборна измама се најновите обвинувања кои произлегуваат од политичкиот хаос што ја зафати малата балканска држава во последниве неколку недели, труејќи ја својата политичка клима и нанесувајќи им удар на амбициите за членство во ЕУ. Ако обвинувањата за изборен фалсификат се докажат како точни, тоа ќе биде една од најзначајните изборни измами изложени во Европа во последниве децении и европски функционери велат дека ќе бидат потребни нови избори.” – пишува весникот. Фајненшал Тахмс пренесува и изјава од лидерот на опозицијата Зоран Заев, кој тврди дека во земјата е направен изборен грабеж. „Имаат издадено повеќе од 100 илјади лажни лични карти. Искористиле 9 милиони евра државни пари за изборите; за трошоците за кампања и за директно купување на десетици илјади гласови, кои се во износ од 22 отсто од сите гласови“- изјави Заев за Фајненшал Тајмс.  
Слично

Поврзани вести