Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАЈНЕНС ТИНК: Во Македонија 28% граѓани не можат да се прехранат и да платат сметки

ФАЈНЕНС ТИНК: Во Македонија 28% граѓани не можат да се прехранат и да платат сметки

Поради недостиг на средства, 28.4% од граѓаните во земјата не успеваат да ги задоволат потребите за храна и покривање сметки во месецот.

Граѓаните со платите не можат да си дозволат да ги задоволат своите потреби. 

Ова го покажува анкетата на Институт „Фајненс тинк“. Од податоците се гледа дека во Македонија крпен живот живее секој трет граѓанин.

59% од граѓаните немаат пари да јадат во ресторан еднаш месечно, a 78% немаат пари да си купат парче нова облека или обувки, 68% да посетат кино или театар, а 91% да одат на козметички третман.

34% од граѓаните не можат да си дозволат ништо од горенаведеното, односно тие не само што се сиромашни, туку и се социјално искlучени, неинтегрирани во општеството.

За 78% од населението платата или пензијата се основен извор на пари, а другите преживуваат со помош родителите, роднините или со социјална помош. 

Слично

Поврзани вести