Facebook им нанесе голем удар и на криптовалутите
Социјалната мрежа Facebook донесе одлука за блокирање на рекламите кои промовираат криптовалути како и на огласите за почетна крипто понуда за формирање на нови криптовалути кои бараат јавно финансирање од страна на инвеститорите.
Според одлуката на Facebook на овој начин е замислено корисниците на мрежата да се заштитат од можни финансиски последици бидејќи голем дел од почетните крипто понуди за нови дигитални валути се непроверени, несигурни, а дел се и измамници кои сакаат лесно да заработат во овој период кога владее голем интерес на пазарот за новите вредносни дигитални средства.
Исто така забрана за рекламирање има и за бизнисите кои засега работат легално и ги почитуваат законските прописи.
Интересно е што оваа одлука е донесена иако во бордот на директори на Facebook има членови кои инвестираат во биткоин и други видови на криптовалути.
