Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фабриките на „Џонсон Мети“ ќе вработат 600 лица

Фабриките на „Џонсон Мети“ ќе вработат 600 лица
Задоволни сме од нашите успеси во Македонија, но мислиме дека постои можност за понатамошно подобрување на стандардити, вели Џатин Такрар, генерален директор на „Џонсон Мети“ во Македонија во интервју за Утрински весник. Тој информираше дека официјалното отворање на втората фабрика, а „Џонсон Мети“ во Бунарџик е планирано кон крајот на годинава, а се надеваат дека ќе стигнат до бројка од 600 вработени кога двете фабрики ќе работат со полн капацитет. „Имаме мал број на вработени прераспределени од нашите сестрински компании, но мнозинството се локални вработени. Засега сме многу задоволни од нашата работна сила, и тоа врз основа на резултатите постигнати во фабриката во однос на сите клучни индикатори на производство. Од почетокот имавме неколку ревизии од потрошувачите од европските автомобилски групи, и сите беа импресионирани од фабриката за производство и способностите на локалниот тим“, вели Такрар. Сепак, додава тој, постои можност за подобрување на соработката со владините институции. „Во целина, соработката е позитивна и генерално институциите се подготвени да слушаат и да решаваат прашања кои влијаат на нашиот бизнис. Постојат некои бирократски и процедурални услови кои создаваат неефикасност, но ние се надеваме дека ќе се реформираат со текот на времето за да се создаде поповолна клима за бизнисот. Постојат некои аспекти на регулаторните услови кои создаваат неефикасност и се надеваме дека ќе се реформираат со текот на времето“, вели Такрар за Утрински весник.
Слично

Поврзани вести