Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фабриката за најпопуларните трактори на Балканот замина во историјата

Фабриката за најпопуларните трактори на Балканот замина во историјата
Најпопуларните трактори на поранешна Југославија отидоа во историјата. Индустријата за мотори и трактори од Белград (ИМТ), го сопре целото производство, а деновиве ќе биде донесена одлуката за стечај. Пред 10-тина дена и последните 370 работници ја напуштиле фабриката со ветување за отпремнини. Производството на ИМТ е сопрено по 60 години. Рекордни биле оние, кон крајот на 80-тите, кога во фабриката околу 12,5 илјади вработени произведувале и до 45.000 трактори. Последните неколку години оваа бројка се намалила на само неколку стотини, додека некои други бројки несопирлив растеле, пишува српски Б92.
Слично

Поврзани вести