Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фабриката Колска ќе реновира товарни вагони од типот ЕАС

Фабриката Колска ќе реновира товарни вагони од типот ЕАС
Товарни вагони од типот ЕАС на Железница Транспорт ќе се реновираат во велешката фабрика за шински возила Колска. Според информациите станува збор за 40 товарни вагони, а договорот за нивното реновирање веќе е потпишан и треба да заврши кон крајот на ноември следната година. Како што информираат од Транспорт за оваа намена ќе се поторшат околу половина милион евра. Следната година се очекува да се распише тендерот за набавка на нови 150 транспортни вагони со што би требало  да се задоволат потребите на домашните компании кои го користат овој вид на транспорт. Набваката на вагоните се предвидува со буџетски пари одонсно тоа е дел од стартегијата за ревитализација на возниот парк на МЖ Транспот.
Слично

Поврзани вести