Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фабриката „Борово“ се издигнува од пепел

Фабриката „Борово“ се издигнува од пепел
Познатата вуковарска фабрика за обувки „Борово“ се крева од пепел, а варботените се надеваат дека со реорагнизацијата и новото производство и иновации ќе се врати старата слава. Како што пишува Index.hr во фабриката каде некогаш работеа 20.000 луѓе сега има околу 1000 вработени. Во април минатата година нова управа ја презеде фабриката која затекна празна каса, негрижа за работниците и нетранспарентно работење. - Сакаме да ја кренеме Борово како бренд од пепел и повторно да создадеме услови за успешно работење. А што се однесува до долгорочините цели тие се препуштени на државата и на новиот сопственик, изјавил претседателот на управата на „Борово“ Хрвоје Мерки. Борово произведува двапати помалку од лимитот кој се проценува на милион пар чевли годишно. Мерки се надева дека таа состојба во иднина ќе се промени. -Дизајниравме  чизми, чевли за градежништво, обувки за фармацевти, доктори. Ги пополнивме капацитетите на производство. Во малопродажба остваривме десет посто поголема продажба од очекуваната, истакнува Мерки. Сепак од фабриката напоменуваат дека имаат недстаток од работна сила во секторот за шиење и продажба. Затоа хонорарно биле ангажирани и луѓе надвор од фабриката. - Многу сме задоволни од луѓето задолжени за изработаката, работат 200 на саат и веќе ни ги донесоа првите резултати, додава управникот. Сепак од раководтвото на фабриката и  понатаму преферираат работници од Вуковар, иако се соочуваат со недостиг на квалификувана работна сила.
Слично

Поврзани вести