Фабрика за лабораториско производство на растенија ќе се отвори во кочанско-виничкиот крај
Холандската компанија „Р&С Тишју Калчр Лабораторис“ (R&S Tissue Culture Laboratories) е инвестицијата која утрово на својата интернет страница ја најави премиерот Никола Груевски, објави Канал 5.
Холанѓаните во Македонија планираат инвестиција од три милиони евра и околу 100 вработувања. Ќе започнат како браунфилд инвестиција во постоечки капацитет, а потоа ќе стартуваат и гринфилд инвестиција односно изградба на сопствена фабрика во кочанско-виничкиот регион.
Се работи за компанија која произведува растенија во специјални лабораториски услови во еколошки чиста околина, објаснува генералниот менаџер Едвин Рос.
„Ние сме Тишју калчр лабораторис, фабрика за одгледување на растенија, во еколошки чиста околина, без бактерии, во лабораториски услови, пропагираме наш вид на холтикултурни семиња во чиста околина. Станува збор за земјоделски сектор, но не во зелени куќи или нешто слично, туку работиме во лаборатории“, вели рос за Канал 5.
Холандските инвеститори доаѓаат во Македонија во мај, а целото производство од фабриката тука ќе го извезуваат во Западна Европа. Еве како изгледа нивното производство:
http://www.youtube.com/watch?v=EXr0Ll1hc7g#t=46
Слично
