Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фабрика за брикети изгоре во Кавадарци

Фабрика за брикети изгоре во Кавадарци

Фабрика за производство на брикети вечерва изгоре во голем пожар во Кавадараци.

Повредени нема, пренесе МИА. Командирот на Територијалната противпожарна единица Илчо Богевски, вели дека е предизвикана голема материјална штета која дополнително ќе се утврдува, како и причината за појава на пожарот.

„На помош ни дојдоа и со по едно возило и со по двајца пожарникари, колегите од кавадаречките компании „Фени индустри” и „Кожувчанка”, како и колегите од територијалната противпожарна единица од Неготино. Два часа го гасневме пожарот, сега сме при крај со неговата локализација“-рече  Богевски.

Тој вели  дека веднаш интервенирале во гаснење на пожарот со две противпожарни возила и петмина пожарникари.

Слично

Поврзани вести